9 причини зошто пријателите од детството имаат посебно место во нашите срца

Во денешно време, ретки се оние пријателства кои траат од детство па до пензионирање, но они кои сè уште се блиски со пријателите од младоста, знаат какво е тоа чувство на среќа.

prichini-zoshto-prijatelite-od-detstvoto-imaat-posebno-mesto-vo-nashite-srca-01.jpg

Иако со текот на годините, животот на луѓето се менува и на многумина им се разидуваат патиштата, сепак некои пријателства траат за цел живот, а тоа го докажува и овој факт:

Доколку имате пријатели со кои се дружите уште од детство, знаете дека овие луѓе имаат посебно место во вашето срце и секогаш ќе бидат број 1 за вас, независно колку други „сродни души“ ќе сретнете.

А, тоа е така од следниве причини:

1. Тие се дел од нашите почетоци – од првите чекори, првите школски денови, први спортски успеси и неуспеси, први момчиња/девојки, први забави и најважни животни моменти...

2. Тие знаат работи за нас кои никој друг не ги знае – не мора тоа да бидат големи тајни, доволни се и малите ситници и шеги кои никој друг не ги разбира.

3. Со нив можеме да бидеме она што сме – пред нив нема потреба да глумиме, тие ги знаат сите наши мани и доблести, а се со нас во секоја фаза од животот.

4. Со нив сме ги учеле животните вредности – со нив сме ги направиле првите грешки, тие биле тука за поддршка, совети и помош и заедно сме станале луѓе какви што сме денес.

5. Тие се први кои нè тераат да излеземе од комфор зоната – најблиските пријатели се оние кои не туркаат кон нешто подобро, кон нови искуства и работи кои вообичаено не би ги пробале.

6. Најдобрите приказни ги делиме со нив – секогаш заедно сме ги доживувале најдобрите случувања и животни искуства.

7. Никогаш не може да им здосадиме со приказни – дури и ако ги слушаат истите по 100 пати.

8. Секогаш се тука за нас во добрите и во најтешките моменти од животот – а, знаеме дека никогаш нема да нè остават на цедило, благодарение на долгогодишното искуство.

9. И најважно од сè – вистинското пријателство нема рок на траење!

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...
16 совети од Фројд кои ќе ви помогнат да се справите со анксиозноста Коренот на анксиозноста според Фројд лежи во детството. Ви пренесуваме дел од со...
Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому „Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...
Доза носталгија: Работи што ги правевме во детството, кога немавме интернет Решававме квизови во списанија и чекавме да ни го развијат филмот во фото-студио...
Имаш 7 години и се стемнува, другарите те викаат да си играте… Се сеќавате ли на безгрижните и топли лета во детството, кога едвај чекавме да з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg