Облека и топол дом - Работи што не ги цениме сѐ додека не се соочиме со реалноста
Добро образование
Додека образованието е начин луѓето да станат подобри и полесно да се снајдат во светот, тоа не им е достапно на сите, особено на жените. Всушност, образованието е најкритичната точка за жените ширум светот.
Покрај тоа, над 72 милиони деца на школска возраст не одат на училиште, а над 750 милиони возрасни ширум светот се неписмени.
Пријатели
Сите имаме блиски пријатели, или барем така мислиме.
Колку чудно и да звучи, едно истражување покажало дека 1 од 10 луѓе во Велика Британија, немаат ниту еден близок пријател. Истражувањето покажало и дека 19% од луѓето никогаш, или ретко кога се чувствувале сакани.
Ситуацијата во Јапонија е уште полоша – дури 35,4% од мажите немаат близок пријател.
Способност за прославување
Нема личност која не сака прослави, без разлика дали станува збор за роденден, некој празник или некое достигнување.
Без разлика дали прославувате за нешто мало или големо, секогаш треба да бидете благодарни што воопшто имате можност за прослава.
Знаевте ли дека денес, над 45 милиони луѓе се заробени во некаков вид ропство, а многу повеќе се изложени на ризик. Проблемот е што овој број се зголемува секоја година.
Облека
Можеби е забавно на плажа да одите без обувки, но замислете си да треба да го правите тоа секој ден.
За повеќето од нас, облеката и обувките не се проблем, но за поголемиот дел од населението, купувањето нова облека е како сон.
Овие луѓе мораат да работат напорно само за да си ги задоволат најосновните потреби, вклучувајќи ја и облеката.
Според податоците од Светската банка, над 750 милиони луѓе живеат во екстремна сиромаштија, со помалку од 1,90 долари на ден.
Медицинска нега
Доколку вие и вашето семејство сте релативно здрави и имате пристап до медицинска нега, тогаш верувајте дека сте среќни.
Речиси половина од населението во светот нема пристап до основна медицинска нега. А, оние кои можат да си дозволат барем дел од тоа, треба да потрошат цело богатство.
Всушност, над 100 милиони луѓе во светот живеат во сиромаштија поради високите трошоци за медицинската нега.
Спирова С. | Црнобело