Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 токсични навики што ви ја крадат среќата секој ден

Недостаток на пари или забава не нé спречуваат да бидеме среќни. Нашите навики се, всушност, она поради што не сме среќни.

Sest toksicni naviki sto vi ja kradat srekata sekoj den 01

Крајно е време да фрлиме светло на ова прашање, бидејќи ако знаете што правите погрешно, полесно е да го направите првиот чекор за запирање на лошите навики.

Ова се пет токсични навики што ви ја крадат среќата секој ден:

1. Се предавате на своето минато и фантазирате за иднината

Тоа не значи дека не треба да размислувате за вашето минато или иднина, но подобро е да не се  „заглавите“ таму. Ако живееме во минатото тоа најчесто значи дека имаме некои нерешени прашања што не држат на место.

Да се биде целосно фокусиран на иднината значи дека имате проблеми со вознемиреност. Луѓето кои се фокусирани на сегашноста се посреќни и се чувствуваат поврзани со другите.

2. Зависите од туѓо мислење

Ве молиме, одвојте малку време да размислите колку често се обидувате да го оставите „вистинскиот“ впечаток на другите луѓе. И колку често тоа ви носи среќа.

Ако го правите тоа премногу често, време е да ги преиспитате своите вредности и да започнете да правите ваши избори.

Sest toksicni naviki sto vi ja kradat srekata sekoj den 02

3. Се фокусирате на успехот на другите луѓе

Во ерата на социјалните мрежи тешко е да не се влезе во стапица - да се споредувате со другите луѓе. Нашите алишта не се толку стилски како на Инстаграм, не патуваме толку често колку што патуваат другите и нашите врски не се совршени.

Ова често нé прави несреќни, но не смеете да заборавите на нешто важно. Како прво, луѓето ги покажуваат само деловите што тие сакаат да ги покажат. Нема гаранција дека нивниот живот е совршен.

Покрај тоа, постојат многу докази дека нивната реалност не е толку розова како што ја покажуваат на Фејсбук или Инстаграм.

4. Чувствувате вина

Прво, вината може да има негативни здравствени ефекти - од блага депресија до кардиоваскуларни заболувања. Второ, треба да разберете дека постои подлабок проблем ако реагирате на овој начин.

Причината може да биде сè - од ниска самодоверба до други проблеми што чинат да се чувствувате непријатно.

Sest toksicni naviki sto vi ja kradat srekata sekoj den 03

5. Се чувствувате како жртва

Ако мислите дека другите луѓе или ситуации се причина за вашите проблеми, тоа е најбрзиот пат до несреќа. Лесно е да се обвинат сите околу вас.

Обидете се да погледнете што се случува во вашиот живот од друг агол и ќе започнете да ги гледате можностите наместо пречките.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg