Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да ги „натерате“ луѓето да ве гледаат како да се знаете цел живот?

Нашата секојдневна комуникација со различни луѓе, нè приморува да се соочиме со поинакви ситуации. Во некои моменти тоа може да биде неподносливо напорно, но што повеќе се трудиме да ги разбереме другите, ни се откриваат нови парадигми за кои претходно не сме биле свесни.

kako-da-gi-naterate-lugjeto-da-ve-gledaat-kako-da-se-znaete-cel-zhivot-01.jpg

Од толку многу споделени работи во врска со меѓучовечкиот однос едно е сигурно, а тоа е ако сакаме да му се допаднеме на некого, она што прво мора да го сториме е да им покажеме дека токму таа личност пред сè ни се допаѓа нам.

Во моментот кога ќе сфатиме дека нашето тело е предавател и ги открива нашите емоции, тогаш сигурно ќе почнеме да внимаваме и што откриваме пред другите.

Многу често кога запознаваме нови луѓе, наместо да се фокусираме на личноста и искрено да реагираме ние се бориме со нашите оптоварувачи мисли, кои буквално нè дефокусираат.

kako drugite da ne pocuvstvuvaa kako da sme im star prijate 2

Постојат многу трикови и начини како да се надоградиме себеси, но кога сакаме новозапознаена личност да се почувстува како да ни е стар пријател тогаш треба да се натераме на следниот чекор.

Длабоко во себе да замислиме дека личноста која стои пред нас е некој стар пријател, кој со години го немаме видено, а нè поврзуваат многу емотивни спомени и луди случувања од минатото.

Буквално пробајте да ја извлечете сета скриена радост од вас и да ја пренесете во таа конкретна ситуација, после тоа преправањето завршува.

Иако нема да ја прегрнуваме личноста, да ја бакнуваме или што и да е, едноставно од самите нас ќе извира чувството што ќе отвори голема поврзаност и ќе ги помести постоечките бариери.

kako drugite da ne pocuvstvuvaa kako da sme im star prijate 3

Иако звучи претенциозно, овој трик несомнемо делува. Без да должиме повеќе, испробајте го и самите ќе се уверите.

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg