Совршениот момент не постои - Сурови животни вистини што ќе ве направат посилни
Најважните животни лекции нема да ги научите на училиште, туку ќе ги научите од разните животни ситуации.
Понекогаш овие лекции се навистина сурови, но токму тие ќе ви покажат како да се справите дури и со најголемите проблеми.
Па, обидете се што побрзо да ги научите и прифатите овие сурови животни вистини:
Родителството воопшто не е лесно
Кога ќе станете родител, постојано ќе чувствувате одговорност да се грижите за вашите деца. Но, ќе можете да се грижите за нив само до одредена возраст.
Кога децата ќе пораснат, тие нема да ја сакат вашата помош, а неретко, ова може да ја направи вашата врска поранлива.
Најлесниот начин да се справите со оваа промена е да станете пријател со вашите деца. Покажете им дека можат да минуваат време со вас и наместо постојано да ги советувате, обидете се да ги поддржите.
Совршениот момент не постои, па престанете да го чекате
Понекогаш може навистина да ви биде страв да донесете некоја важна одлука. Поради ова, сигурно ви се случило да ја одолговлекувате и да го чекате совршениот момент.
Но, совршениот момент не постои.
Ако сакате да го промените работното место, ако сте во несреќна врска, ако сакате да направите што било, направете го сега. Бидејќи, колку подолго чекате, толку повеќе причини ќе наоѓате за да не го направите тоа.
Растењето и созревањето се болни искуства
Ние луѓето не сме бесмртни, а за жал, ова важи и за нашите родители.
Секогаш кога ќе бидете покрај нив, вие ќе се чувствувате како деца. Сепак, вашиот живот продолжува и во еден момент ќе се одделите од вашите родители.
Ова може да биде навистина болно искуство, но е неопходно за да созреете како личност.
Звучи навистина застрашувачки да бидете сами и независни, но не заборавајте дека никој не е целосно подготвен да стане возрасна личност.
Живејте во моментот за да не зажалите
Додека сте млади, мислите дека го имате цело време на светот. Па, наместо да ги правите нештата што ги сакате, вие ги правите нештата што морате.
Одите на училиште, потоа на факултет, градите кариера, основате семејство, но по пат, како да сте заборавиле да бидете среќни.
Сигурно не сакате кога ќе остарете, да сфатите дека сте ја испуштиле можноста да уживате во животот.
Па, обидете се да им дадете предност на искуствата што ве исполнуваат. Уживајте во секој момент од вашиот живот и секогаш наоѓајте време за себе.
Не плашете се од грешките
Уште од најрана возраст сме научени дека треба да платиме за нашите грешки. За грешките на училиште сте добивале лоша оцена или опомена, а за некои грешки можеби сте изгубиле и некоја сакана личност.
Поради овие последици, најверојатно се плашите да направите грешка, но не сфаќате дека токму грешките се вашите најдобри учители.
Всушност, дури и истражувањата покажале дека лекцијата што ќе ја научите од некоја грешка, може да направи да се чувствувате подобро.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





