Гестикулации со кои ќе го привлечете вниманието на вашите соговорници
„Не бев јас“
За публиката да ве засака, можете да кажете и едноставна шега. Ако во приказната што ја кажувате, треба да негирате нешто за вас, тогаш ќе ви се најде оваа гестикулација.
Спојување на дланките
Спојувањето на дланките на овој начин има посебно значење – ја покажува вашата самодоверба и прави да изгледате моќно.
Но, користете го ова само во ситуации кога преговарате за нешто.
„Можеме да го направиме ова!“
Оваа гестикулација ќе го направи вашиот говор емотивен. Стискањето на тупаницата прави да изгледате силно и охрабрувачки, па ќе ви помогне да ги разбудите емоциите на слушателите.
Пресекување
Оваа гестикулација е одлична доколку сакате да звучите подраматично. Користете ја кога зборувате пред голема публика, а најдобро е да ја избегнувате ако сте со мала група пријатели.
„Престанете“
Кревањето на дланките покажува дека сакате публиката да биде тивка и да ве слуша.
Немојте да го користите ова многу често, бидејќи може да изгледа неучтиво, па дури и навредливо.
Кренати палци
За многу луѓе, оваа гестикулација значи одобрување. Можете да ја користите на крајот од вашиот говор, за да ги охрабрите слушателите.
Спирова С. | Црнобело