Странски зборови кои совршено објаснуваат чувства и ситуации, а немаат соодветен превод
Колку пати се најдовте во ситуација кога точно знаете како се чувствувате или што се случува, но едноставно не можете да ги пронајдете вистинските зборови за да го кажете тоа? Тоа неискажливо чувство кое е толку интензивно и реално. Па можеби едноставно не го зборувате вистинскиот јазик!
Некои јазици успеале да ги именуваат емоциите или феномените што ни се толку познати, а толку тешко можат да се објаснат.
Ова се неколку прекрасни зборови што не сте ги знаеле, а совршено објаснуваат одредени ситуации и чувства за кои немаме соодветен превод:
Gezellig
Холандски, придавка: пријателска, удобна, забавна или пријатна атмосфера. Време поминато со најблиските, средба со пријател после долг период на разделување или општо чувство на заедница.
Ruhe
Германски, именка или глагол: мир и тишина, кога не ни пречи ништо околу нас и се чувствуваме смирено и пријатно.
Bhava
Санскрит, именка: ментална состојба на мир и блаженство, чувство на единство што нè исполнува, особено кога слушаме музика.
Samar
Арапски, глагол: кога остануваме будни до доцна да разговараме со пријателите и семејството.
Nervio
Шпански, именка: интензивно чувство на љубов и блискост.
Desbundar
Португалски, глагол: пробивање на сопствените зони на комфор и бариери, бидејќи е забавно.
Uitbuiken
Холандски, глагол: задоволно опуштање после добар оброк.
Iktsuarpok
Инуитски, именка: нетрпеливост што ја чувствуваме во исчекување на некој друг и постојано проверување дали таа личност веќе пристигнала.
Feierabend
Германски, именка: буквално „вечерна прослава“, празнично расположение што може да се случи на крајот на работниот ден.
Naz
Урду, именка: безбедност, гордост затоа што знаете дека љубовта на некоја личност кон вас е безусловна и непоколеблива.
Philotimo
Грчки, именка: „љубов кон честа“, важноста за почитување и чест на пријателите и семејството.
Fargin
Јидски, именка: несебична и директно изразена гордост и среќа за нечиј успех.
Ашера | Црнобело