Големи колички и пријатна музика - Трикови со кои продавниците ве тераат да трошите повеќе

Не постои личност која не купила нешто импулсивно. Сигурно и вие некогаш сте влегле во продавница само по едно нешто, но сте излегле со неколку ќесиња.

golemi-kolichki-i-prijatna-muzika-trikovi-so-koi-prodavnicite-ve-teraat-da-potroshite-povekje-01.jpg

Можеби мислите дека проблемот е во вас, но всушност, продавниците користат многу трикови за да го направите токму тоа.

Од распоредот на продавницата, па сè до музиката во заднина, погледнете ги триковите со кои продавниците ве тераат да трошите повеќе.

Намерно ги збунуваат потрошувачите

Сигурно сте забележале дека продуктите кои најчесто се купуваат заедно, не стојат едни до други. Овој распоред во продавницата ќе ве натера да прошетате низ неа, па најверојатно ќе купите уште нешто.

Според еден извештај, дури 68% од купувачите кои шетале низ продавниците, купиле нешто непланирано.

golemi-kolichki-i-prijatna-muzika-trikovi-so-koi-prodavnicite-ve-teraat-da-potroshite-povekje-02.jpg

Цена

Доколку забележите дека цената на некој продукт е 99 денари и слично, најчесто целта е да помислите дека продуктот е поевтин.

Овој феномен е познат како „ефект на лева цифра“ (left-digit effect) и според некои истражувања, функционира одлично.

golemi-kolichki-i-prijatna-muzika-trikovi-so-koi-prodavnicite-ve-teraat-da-potroshite-povekje-03 (2).jpg

Поставување на профитабилни продукти

Неретко, скапите и профитабилни продукти во продавницата се поставени на видливи и лесно достапни места.

И ова не е само за возрасни. На пример, детските продукти, како играчки, се поставени на висина на децата.

Сега знаете како вашето дете секогаш забележува нешто што му се допаѓа.

golemi-kolichki-i-prijatna-muzika-trikovi-so-koi-prodavnicite-ve-teraat-da-potroshite-povekje-04.jpg

Големина на количките за купување

Едно истражување покажало дека зголемувањето на количките, „ги натерало“ потрошувачите да купуваат 40% повеќе продукти.

Токму поради ова, количките за купување се зголемуваат со текот на времето.

golemi-kolichki-i-prijatna-muzika-trikovi-so-koi-prodavnicite-ve-teraat-da-potroshite-povekje-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg