Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бонтон на маса: Не се потпирајте со лакти на маса, има 2 начини за држење на виљушката

12. Приборот секогаш се поставува според тоа кога се употребува. Почнете со приборот што е најдалеку од чинијата.

13. Постојат неколку начини за поставување на приборот во чинијата, а секој испраќа различна порака.

osnovni-pravila-za-odnesuvanje-na-masa-shto-sekoj-bi-trebalo-da-gi-znae-06.jpg

14. Доколку ставате шеќер во вашиот чај, измешајте го со лажичка без да правите врева.

15. Кога јадете риба, употребете нож за да го одделите месото од коските.

16. Не треба да ја собирате храната со виљушка, туку со нож.

osnovni-pravila-za-odnesuvanje-na-masa-shto-sekoj-bi-trebalo-da-gi-znae-07.jpg

Уште неколку правила

17. Доколку треба да одите во тоалет, не објаснувајте зошто станувате од масата. Едноставно извинете се и кажете дека ќе се вратите брзо.

18. Во ред е да си ставите кармин на масата, сè додека не користите огледало. Доколку сакате да ја поправите целата шминка, правете го тоа во тоалетот.

19. Никогаш немојте да ја чешлате косата на масата. Ова е неучтиво, но и нехигиенски.

osnovni-pravila-za-odnesuvanje-na-masa-shto-sekoj-bi-trebalo-da-gi-znae-08.jpg

20. Ако најдете инсект или влакно во вашата чинија, не правете сцена. Тивко кажете му на келнерот и тој ќе го реши проблемот.

21. Ако сте погрешиле нешто, извинете се и не ѝ се враќајте на темата. Нема потреба да ги потсетувате сите за вашите грешки.

22. Никогаш немојте да употребувате чепкалка за заби на масата.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg