Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најголемите донации што не треба да ги заборавиме

Тејлор Свифт

Во август 2016-та година во Луизијана САД имаше ужасна поплава. Загинаа 13 луѓе, а беа уништени 146/000 домови.

Тогаш пејачката донира 1 милион долари за настраданите и уште 50.000 долари во банка за храна.

Подоцна истата година, Тејлор донира уште 100.000 долари за оние кои настрада во пожарите во Тенеси. Исто така, Тејлор има донирано илјадници долари за нејзините фанови.

nekoi-od-najgolemite-donacii-shto-ne-treba-da-gi-zaboravime-06.jpg

Барбара и Реј Рег

Не се само познатите оние коишто донираат. Во 200-та година, Барбара и Реј Рег освоиле 7,6 милиони фунти на Националната лотарија во Велика Британија.

Од добивката донирале над 6 милиони фунти, најмногу во болници. Покрај тоа, тие им давале пари на пријателите и семејство, а им платиле и на 50 луѓе кои се бореле во Втората Светска војна за да ја посетат Италија за 60-годишнината од битката. Парот изјавил дека таа добивка била премногу за двајца, па се чувствувале добро кога ги донирале парите.

nekoi-od-najgolemite-donacii-shto-ne-treba-da-gi-zaboravime-07.jpg

Англиската фудбалска фондација

Добро познат факт е дека фудбалерите заработуваат многу. Кога играат интернационално, тие добиваат и надомест за нивното појавување.

Уште од 2007-ма година, членовите на англискиот фудбалски тим ги донираат овие надомести кај Англиската фудбалска асоцијација. Од асоцијацијата не откриваат колку пари се донираат кај нив, но досега фудбалерите имаат донирано над 5 милиони фунти.

nekoi-od-najgolemite-donacii-shto-ne-treba-da-gi-zaboravime-08.jpg

Чен Шу-чу

Чен Шу-чу е жена која тивко донирала милиони тајвански долари, што е околу стотици илјади долари.

На речиси 70 години, Чен е скромна продавачка н а зеленчук и работи 18 часа на ден, 6 дена во неделата.

Но без разлика колку заработува, Чен не троши повеќе од 3 долари дневно за себе, а остатокот го донира.

„Секој може а го прави ова, не само јас. Не е важно колку пари заработувате, туку како ги користите. Н сметам дека парите се толку важни. Сепак, не можете да ги понесете со себе кога почнувате нов живот и не можете да ги понесете со себе кога го напушта те овој живот.“

nekoi-od-najgolemite-donacii-shto-ne-treba-da-gi-zaboravime-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg