Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најголемите донации што не треба да ги заборавиме

Донирањето е нешто што го охрабрува речиси секој. Додека ние, „обичните“ луѓе можеби не можеме да си дозволиме да донираме огромни суми, постојат некои личности кои го трошат нивното богатство токму на тоа.

nekoi-od-najgolemite-donacii-shto-ne-treba-da-gi-zaboravime-01.jpg

Често слушаме за донациите што ги прават славните, но не се само тие кои се обидуваат да му вратат на општеството.

Од познати, па сè до добитници на лотарија и продавачи на зеленчук, погледнете ги луѓето кои ги имаат направено можеби најголемите донации досега.

Џ.К. Роулинг

Џоан Роулинг има донирано 15,3 милиони фунти за установа за медицински истражувања. Установата го носи името на мајката на авторката која починала на 45-годишна возраст поради компликации од болеста мултиплекс склероза.

Џоан сакала нејзините пари да овозможат повеќе истражувања за ретките нарушувања како деменцијата, мултиплекс склерозата и Паркинсоновата болест.

Но, ова не е нејзината прва донација. Всушност, во 2012-та година писателката го изгуби статусот „милијардерка“, најмногу бидејќи даваше голем дел од нејзините пари за донации.

nekoi-od-najgolemite-donacii-shto-ne-treba-da-gi-zaboravime-02.jpg

Дејм Џослин Бел Бурнел

Кога професорката и астроном Дејм добила престижна награда за наука, изјавила дека ќе ги донира парите што ќе ги добие. Професорката донирала 2,3 милиони фунти за жените од етничките малцинства и студентите на бегалците кои сакале да станат физичари.

„Не ми требаат и не ги сакам парите за мене, па мислам дека ова е најдобриот начин што можев да ги искористам.“

nekoi-od-najgolemite-donacii-shto-ne-treba-da-gi-zaboravime-03.jpg

Бил Гејтс

И Бил Гејтс има донирано огромни суми од неговите пари. А денес, пак, поголемиот дел од времето го минува работејќи за добротворната фондација што ја основаа со сопругата Мелинда.

Организацијата има донирано милиони за секакви проблеми ширум светот – од помош за време на природни катастрофи, па сè до образование и здравство.

Самиот Бил има изјавено дека донирањето пари е основната обврска на секој што е богат.

„Штом сте згрижени вие и вашите деца, најдобро е да го искористите богатството за да му вратите на општеството.“

nekoi-od-najgolemite-donacii-shto-ne-treba-da-gi-zaboravime-04.jpg

Елтон Џон

Името на Елтон Џон се спомнува многу често кога станува збор за донации. Познатиот пејач донира неверојатни 26,8 милиони фунти во 2006-та година, а голем дел од парите одат за истражувања за ХИВ, но и како поддршка за ние кои имаат СИДА.

Заедно со Џоан Роулинг, тие се познатите од Велика Британија кои имаат донирано најмногу.

nekoi-od-najgolemite-donacii-shto-ne-treba-da-gi-zaboravime-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg