Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Златна крвна група - најретка во светот, со неа се родени само 43 лица во светот

Сите знаеме дека постојат четири крвни групи – А, Б, АБ и 0. Крвната група на една личност најмногу зависи од генетиката, но и групата народ на којашто ѝ припаѓа.

najretkata-krvna-grupa-kojashto-ja-imaat-samo-43-lugje-vo-celiot-svet-01.jpg

Поголемиот дел од луѓето имаат Rh позитивна група, а оние со негативна сочинуваат само 15% од населението.

Сепак, покрај овие, постојат и други варијации на крвните групи, а најретката помеѓу нив ја имаат само 43 луѓе ширум целиот свет.

Оваа крвна група е навистина ретка и кога прв пат била откриена во 1961-ва година, лекарите мислеле дека ембрионот со таа крвна група ќе умре во матката.

najretkata-krvna-grupa-kojashto-ja-imaat-samo-43-lugje-vo-celiot-svet-02.jpg

Крвта ја сочинуваат црвените и белите крвни зрнца, тромбоцити и плазма. Секој дел си има своја улога, но црвените крвни зрнца се оние кои ја одредуваат крвната група.

На површината на овие клетки се наоѓаат протеини наречени антигени. Присуството или отсуството на одредени антигени ја одредува крвната група. На пример, оние со крвна група А имаат само А антигени, оние со крвна група Б имаат Б антигени, оние со крвна група АБ ги маат и двете, а оние со 0 немаат ниту еден.

Црвените крвни зрнца имаат уште еден антиген, наречен RhD протеин. Кога крвта го има RhD протеинот, таа е позитивна, а кога го нема таа е негативна. Комбинацијата од А, Б и RhD антигените ги дава 8-те крвни групи.

Вистинското објаснување на крвните групи е многу покомплицирано, но воглавно, протеинот RhD се однесува само на 61 потенцијален протеин од Rh системот.

Кај златната крвна група недостасуваат сите можни антигени во Rh системот.

Она што ја прави златната крвна група посебна е тоа што е подобар универзален донатор и од крвната група 0. Истовремено, компатибилна е и со другите поретки крвни групи, но денес постојат само 9 живи донатори.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
5 „себични“ работи што ќе ве направат посреќна личност Да поставите граници, да кажете „не“ – некои работи можеби делуваат себично, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg