Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Заеднички карактеристики на луѓето родени во септември - по што се истакнувате?

Луѓето родени во септември имаат неколку слични карактеристики, но овој пат не станува збор за оние од астрологијата.

interesni-fakti-za-lugjeto-rodeni-vo-septemvri-01.jpg

Неколку истражувања и анкети им ги откриле заедничките особени на оние родени во септември, а нешто повеќе можете да дознаете во продолжение.

Најчесто се запишуваат на престижни училишта

Некои истражувања покажале дека оние кои се родени во септември, многу побрзо се развиваат во раното детство. Исто така, тие имаат 20% поголеми шанси да се запишат на некој престижен факултет, благодарение на нивниот успех на училиште.

interesni-fakti-za-lugjeto-rodeni-vo-septemvri-02.jpg

Се раѓаат како помали бебиња

Најчесто, септемвриските деца се раѓаат со мала тежина.

interesni-fakti-za-lugjeto-rodeni-vo-septemvri-03.jpg

Повисоки се

Иако се раѓаат помали, кога ќе пораснат, луѓето родени во септември се повисоки за разлика од оние родени во пролет или зима. Ова е поврзано и со количеството на витаминот Д на кое се изложени нивните мајки во последните месеци од бременоста.

interesni-fakti-za-lugjeto-rodeni-vo-septemvri-04.jpg

Тие се добри спортисти

Луѓето родени во септември имаат добри физички предиспозиции за спортување. Повеќето од најдобрите спортисти се всушност родени во септември.

interesni-fakti-za-lugjeto-rodeni-vo-septemvri-05.jpg

Помала е веројатноста да завршат во затвор

Истражувањата покажале дека луѓето родени во септември имаат најмали шанси да направат некое злодело и да одат во затвор.

interesni-fakti-za-lugjeto-rodeni-vo-septemvri-06.jpg

Отпорни се на астма

Истражувањата покажале дека луѓето родени во есен најчесто се алергични на јајца, кикирики и млеко. Но од друга страна тие се поотпорни на астма.

interesni-fakti-za-lugjeto-rodeni-vo-septemvri-07.jpg

Најверојатно ќе ја дочекаат 100-тата година од животот

Луѓето родени помеѓу септември и ноември често живеат и подолго од 100 години. Ова било потврдено со истражување спроведено од Универзитетот во Чикаго и во кое учествувале над 1.500 луѓе постари од 100 години.

Една од причините за ова е тоа што веднаш по раѓањето, овие луѓе се изложени на разни сезонски инфекции, што пак им го зајакнува имунитетот.

interesni-fakti-za-lugjeto-rodeni-vo-septemvri-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg