10 фотографии кои кријат цели приказни
Сликата вреди 1.000 зборови, а секоја фотографија си има некаква приказна.
Фотографиите во продолжение можеби на прв поглед изгледаат сосема обично, но приказните што ги раскажуваат се навистина интересни и возбудливи.
А откако ќе ги прочитате, навистина ќе ги гледате со „нови“ очи...
Тоња Хардинг и судиите
Тоња Хардинг е позната поранешна боксерка и шампион во уметничко лизгање, а целата нејзината кариера била полна со скандали. Оваа фотографија е направена за време на Зимските олимписки игри во 1994-та година.
Среде лизгањето, Тоња застанала и почнала да плаче. Моментот што го гледате на фотографијата е кога им кажува на судиите дека нејзините врвки се скинале, а оние што ги искористила како замена биле премногу кратки.
Линдон Џонсон дава заклетва неколку часа по убиството на Кенеди
Само 2 часа и 8 минути по смртта на Кенеди, тогашниот потпретседател на САД Линдон Џонсон дал заклетва во претседателскиот авион и станал новиот претседател на САД.
Фотографијата е неверојатна бидејќи означува важен историски моменти, но и поради тоа што е полна со емоции.
Џеклин Кенеди продолжила со нејзината функција, а на фотографијата сè уште го носи познатиот Chanel костим што е натопен со крв.
Голфери и ерупција на вулкан
Во 2018-та година вулканот Килауеа еруптира. Фотографот Марио Тама сакал да го фотографира моментот и за тоа одбрал едно игралиште за голф. На негово големо изненадување, играчите воопшто не биле импресионирани од настанот.
Причината е што за луѓето кои живеат на Хаваи, овие настани не се ништо ново.
Вистинската Мерлин Монро
Од весникот Redbook направиле навистина интересен проект за „вистинската Мерлин Монро“. За целта на проектот, фотографот Ед Феингерш цела недела ја следел Мерлин низ Њујорк додека таа си ја следела својата дневна рутина.
Фотографиите, вклучувајќи ја и оваа, имале за цел да прикажат вистинска личност, а не само убава русокоса.
Абдикација за љубов
На фотографијата ги гледате Едвард Трети, поранешен крал на Велика Британија, и неговата сопруга Волис Симпсон. Едвард се вљубил во неа, но сите биле против оваа врска.
Па, Едвард требало да се откаже од Волис, да се венча против желбата на другите или да абдицира. Тој, се разбира, ја одбрал љубовта наместо тронот.