Што ни го краде времето? Чекање во редица, барање паркинг, секојдневни кавги…
Што ни одзема најмногу време? Во просек, 5 минути дневно трошиме на чекања во редица и уште толку на караници. А времето си тече и едно е сигурно – не можеме да го вратиме.
Жените скоро секој ден трошат 16 минути бирајќи што да облечат. На мажите пак им се потребни 2 минути помалку од ова.
Некои секојдневни активности за кои ни се чини дека траат само неколку секунди може да ни одземат многу поголем дел од денот.
Кога ќе се соберат на куп сите тие потрошени секунди, излегува дека најголемиот дел од денот го трошиме на небитни работи. Така, на пример, на читањето неважни пораки, разгледувајќи фотки и коментари на социјалните мрежи, дневно губиме од 2-3 часа.
Дури 35 минути во денот ги трошиме на одлуката што ќе јадеме. 7 минути во денот размислуваме за вежбање, иако поголемиот дел од луѓето никогаш не ги реализираат овие мисли во дела.
Истражувањето кое опфатило 2000 луѓе покажало дека 95% од испитаниците поминуваат најмалку 5 минути чекајќи ред на каса во супермаркет, додека 65% од нив трошат исто толку време во кавги со други луѓе.
На гледањето телевизија луѓето трошат просечно околу 4 часа во денот, додека 96 минути изнесува просекот за пребарување на интернет на нешта кои не се воопшто поврзани со работата.
На што и како го трошиме времето особено многу влијае фактот дека сме во врска или слободни. Така на пример, истражувањата покажуваат дека сингл луѓето дневно трошат 52 минути повеќе на едукација и надоградување на себеси за разлика од оние коишто се во врска.
Сингл луѓето исто така трошат 43 минути повеќе на спиење и личната хигиена, додека луѓето коишто се во врска трошат 41 минута повеќе на работи поврзани со домаќинството.
Луѓето во врска остануваат во просек 38 минути подолго на работа, отколку колегите без обврски. Сингл луѓето пак трошат 40 минути повеќе на забава и спорт.
Просечното време потрошено на Facebook изнесува 37 минути за сите испитаници, додека 10 минути помалку поминуваат на другите друштвени мрежи. Младите повеќе го преферираат YouTube и на него трошат просечно по 40 минути дневно.
Само чекањето автобус од јавниот градски сообраќаен превоз ни троши 15 минути (просечно) од денот.
57% од испитаниците изјавиле дека трошат повеќе од 5 минути дневно барајќи место за паркинг. Од друга страна, 28% од нив изјавиле дека поминуваат 30 или повеќе минути дневно во тоалетот.
Еве ги останатите податоци во облик на статистика:
92% - толку луѓе трошат повеќе од 5 минути чекајќи во редица.
81% - луѓе кои редовно посетуваат некоја од друштвените мрежи. Дури 72% од луѓето редовно читаат мејлови.
65% - луѓе кои дневно трошат најмалку 5 минути во кавга со колегите или членовите на семејството.
57% - луѓе кои во градовите трошат во просек 5 минути дневно барајќи место за паркирање.
52% - луѓе кои размислуваат подолго од 5 минути што да облечат.
48% - луѓе кои трошат 5 минути дневно размислувајќи да ја променат работата.
30% - луѓе кои најмалку 5 минути ќе потрошат во денот давајќи им совети на другите.
30% - луѓе кои размислуваат за вежбање, но само 12% од нив мислите ќе ги реализираат на дело.
28% - луѓе кои дневно поминуваат 30 минути или повеќе во тоалетот.
23% - луѓе кои трошат најмалку 15 минути чекајќи градски превоз.
На што вие најмногу го трошите времето?
(О)Милена | Црнобело