Дали сте ментално посилни од луѓето околу вас?
Усовршување
Многу луѓе чекаат признание од другите кога ќе направат нешто. Но ментално силните луѓе се усовршуваат за себе и не им е важно туѓото мислење.
Автентичност
Важно е да бидете искрени кон себе. Ментално силните луѓе никогаш не глумат нешто што не се. Она што го прават и кажуваат се совпаѓа со нивните гледишта и размислувања.
Тешкотиите им се можност за созревање
Пречките во животот се неизбежни, а важен е вашиот став кон нив. Наместо да бидат огорчени, ментално силните луѓе ги гледаат тешкотиите како можност за созревање и учење нешто ново.
Знаат дека се повеќе од нивниот успех
Ментално силните луѓе не ја одредуваат нивната вредност според она што го постигнале. Нив им е поважно каква личност се и како се однесуваат со другите.
Одложување на задоволството
Понекогаш треба да се откажете од некои работи за во иднина да ви биде подобро. Ментално силните луѓе го знаат ова и се подготвени да се откажат од задоволството ако тоа значи напредок во иднина.
Реален оптимизам
Ментално силните луѓе сакаат да ја гледаат позитивната страна, но секогаш се реалистични. Можат да ги согледаат предностите и недостатоците од секоја ситуација и се обидуваат да го извлечат најдоброто од неа.
Преземање одговорност
Секоја одлука или постапка има своја последица, а ментално силните луѓе ги прифаќаат овие последици. Без разлика дали исходот е добар или лош, тие ја преземаат одговорноста кога нешто зависи од нив.
Благодарност
Наместо да се жалат за она што го немаат, ментално силните луѓе се благодарни за она што го имаат.
Подготвеност на учење
Ментално силните луѓе знаат дека треба да учат целиот живот. Тие учат од нивните искуства, од луѓето што ги среќаваат, од грешките од минатото… Всушност, секоја ситуација им е како нова лекција.
Спирова С. | Црнобело