Постојаното патување не е воопшто лесно: 9 работи кои блогерите ретко ги споделуват

Сигурно барем еднаш сте помислиле да го напуштите работното место и да тргнете на пат околу светот. Денес Инстаграм е преплавен со блогери кои постојано патуваат и прават целото искуство да изгледа магично. 

postojanoto-patuvanje-ne-e-voopshto-lesno-9-neshta-shto-blogerite-retko-gi-spodeluvaat-so-javnosta-01.jpg

Но, изгледа дека и овде не е сè така розово. Имено, зад совршените фотографии од егзотични дестинации се кријат и неколку непријатни вистини.

Погледнете како всушност изгледа постојаното патување, според неколку блогери:

Нема постојан и стабилен приход

Главното правило на блогерите што патуваат е да не очекуваат пари во првата година. Повеќето рекламни компании не работат со сајтови и блогери што се активни помалку од една година. Причината е што се немаат докажано како инвестиција.

Но проблемот е што дури и искусните блогери немаат никаква финансиска стабилност. Понекогаш ќе заработат, но понекогаш се „шворц“.

Покрај тоа што нема да заработите, патувањето бара голема инвестиција – билети, опрема, сместување… Па доколку планирате да тргнете на долго патување, осигурете се дека имате барем некаква заштеда.

postojanoto-patuvanje-ne-e-voopshto-lesno-9-neshta-shto-blogerite-retko-gi-spodeluvaat-so-javnosta-02.jpg

Ова е постојана работа, не само неколку часа дневно

Сигурно мислите дека овие блогери само се шетаат и објавуваат по 2-3 фотографии во денот. Но доколу ги прашате, ќе ви кажат дека никогаш не работеле понапорно. Доколку водат блог, се случува да пишуваат и по 12 часа дневно.

Имено, водењето сајт не е само пишување текстови. Овде спаѓа одговарањето на пораки, преговори со потенцијални рекламни компании, уредување фотографии, уредување видеа…

Покрај тоа, конкуренцијата во оваа индустрија е огромна па мора навистина да се потрудите.

Го гледаат светот низ фотоапаратот и зависат од технологијата

Секој оброк, секој пијалак и слично мораат да бидат фотографирани пред да се консумираат. Секој детаљ од патувањето на блогерите мора да биде документиран за подоцна да се објави на социјалните мрежи или блогови.

За да ги направат најдобрите фотографии, многу блогери патуваат со скапа опрема и електроника – камери, лаптопи, екстра батерии, полначи… А ова може да биде навистина заморно.

Истовремено, секогаш им е потребен пристап до Интернет за да можат да го водат својот бизнис. А веќе знаете дека на некои места, Интернетот е речиси недостапен.

postojanoto-patuvanje-ne-e-voopshto-lesno-9-neshta-shto-blogerite-retko-gi-spodeluvaat-so-javnosta-04.jpg

Многу објави поминуваат незабележани

Колку и да сакаат да пишуваат, блогерите немаат голема слобода и мораат да следат одредени правила. Секој нивен текст мора да содржи одреден број на зборови, да има одреден формат и да биде забавен за голема публика.

Покрај тоа треба секогаш да вклучат и некои совети и водичи за местото за коешто пишуваат.

Мораат да ја направат реалноста да изгледа подобро

Факт е дека фотографиите на блогерите изгледаат совршено, но сте се запрашале ли што се крие зад нив? Многу блогери имаат споделено дека се чувствувале ужасно, но сепак морале да ја направат совршената фотографија.

Без разлика дали се гладни, изморени или болни, тие мораат да изгледаат одлично и да ги убедат другите во тоа.

postojanoto-patuvanje-ne-e-voopshto-lesno-9-neshta-shto-blogerite-retko-gi-spodeluvaat-so-javnosta-06.jpg

Недостаток од комуникација со саканите

Кога патувате неколку месеци без престан, нормално е да страдаат вашите врски со саканите. Можеби денес постојат платформи што овозможуваат инстантна комуникација, но ништо не го заменува разговорот во живо.

Заборавете на сериозна врска

Бидејќи ретко се на едно место подолго време, на блогерите им е навистина тешко да одржат сериозна врска. Доколку запознаат некој во странство, и двајцата знаат дека кога-тогаш, едниот ќе си замине.

Можеби некои врски на далечина функционираат, но и тие не се едноставни. Па доколку сакаат сериозна врска, мораат или да патуваат со партнерот или да се помират со тоа дека ќе мора да живеат на едно место.

postojanoto-patuvanje-ne-e-voopshto-lesno-9-neshta-shto-blogerite-retko-gi-spodeluvaat-so-javnosta-08.jpg

Се „губат“ сеќавањата од патувањата

Кога одите на патување еднаш или два пати годишно, нормално е да бидете возбудени за тоа. Но кога патувате постојано, ова посебно чувство ќе почне да исчезнува. Повеќе нема да ве восхитува посетувањето на некоја нова држава.

Ќе имате видено премногу цркви, водопади, зајдисонца и храмови, па сè ќе почне да ви се меша и да избледува.

postojanoto-patuvanje-ne-e-voopshto-lesno-9-neshta-shto-blogerite-retko-gi-spodeluvaat-so-javnosta-09.jpg

Постојано чувство на несигурност и носталгија за домот

„Животот во куфери“ може да биде навистина тежок. Постојаното пакување, распакување, отседнување во хотели, фаќање летови и автобуси станува заморно.

Неретко блогерите само сакаат да работат од дома, да си направат топол оброк, да одат во теретана и ништо повеќе. Носталгијата може да биде вистински проблем и понекогаш само сакаат да отседнат на едно место барем еден месец.

postojanoto-patuvanje-ne-e-voopshto-lesno-9-neshta-shto-blogerite-retko-gi-spodeluvaat-so-javnosta-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg