Најголемите митови за медицината создадени од филмовите
Сите знаеме дека филмовите се преполни со неточни факти и преувеличувања. Сепак, ова не нè спречува за момент да избегаме од реалноста и да уживаме во нив.
Доколку сите филмови се навистина реалистични, бркотниците, борбите и акцијата би биле многу поздодевни. Но, проблемот е што кога филмовите грешно ги претставуваат нештата како, на пример медицинска нега, понекогаш тоa може да има лошо влијание.
Имено, филмовите можат да натераат голема група луѓе да верува во нешто погрешно, што понекогаш може да претставува опасност. Па, погледнете ги најголемите медицински митови што ги научивме од филмовите.
Сè што е поврзано со породувањето
Иако ова е можеби најстарата медицинска сцена во филмовите, режисерите сè уште не можат да ја претстават правилно. Вo реалноста, породувањето може да трае и повеќе од 24 часа.
Контракциите можат да започнат долго пред жената да е подготвена за во болница, а голем број жени не ни знаат кога им почнуваат. Исто така, речиси е невозможно да го предвидите пукањето на водењакот.
Амнезијата не ги отстранува сите сеќавања
Вo филмовите, амнезијата ги брише сите сеќавања на настраданиот лик. Во реалноста, навистина е ретко да изгубите толку многу сеќавања од вашиот живот. Најчесто амнезијата погодува делчиња од сеќавањето кои можат да се вратат доколку повредата не е сериозна.
Амнезијата може да ги збрише сите сеќавања, но ова е многу ретко и често е придружено со симптоми како губење на физичка контрола и намалена интелигенција.
Драматични инфаркти
Оние кои никогаш не доживеале инфаркт, сето знаење го имаат од филмовите. Сигурно се сеќавате на барем една сцена каде што ликот доживува инфаркт и драматично паѓа на земјата. Но, инфарктите не се толку брутални и најчесто се манифестираат како блага болка во градите.
Поради слабите симптоми, многу е лесно воопшто да не сте ни свесни дека доживувате инфаркт. Луѓето најчесто го пријавуваат инфарктот 90 минути откако ќе почне бидејќи повеќето од нас не ја сфаќаат болката во градите сериозно.
Крварење од носот
Бидејќи Холивуд навистина го сака насилството, крвавите носови не се ништо ново во филмовите. Кога на некој лик му течи крв од носот, најчесто го гледаме како се навалува назад за да го сопре крварењето.
Но, доколку ги прашате лекарите, со ова само си го зголемувате ризикот од гушење. Кога ја навалувате главата кон назад, крвта може да заврши до дишните патишта и да го блокира дотокот на воздух
Кардиопулмоналната реанимација (КПР) најчесто не функционира
Во филмовите, реанимацијата е претставена како магичен трик што може да ги врати дури и мртвите. Во реалноста, ова е можеби најдобрата техника за „враќање во живот“, но не функционира како што ни прикажуваат филмовите. Реалноста е подепресивна и жртвите на давење обично умираат.