Уникатни одлики што ги прават црвенокосите посебни
Во минатото црвенокосите биле мистериозни луѓе и им го привлекувале вниманието на другите. Во Средниот век се верувало дека се вештерки и вампири, а понекогаш општеството се однесувало сурово кон нив.
Но, за среќа, овие времиња се долго зад нас и сега можеме да ја цениме вистинската убавина на овие луѓе. Но, црвената коса не е единствената уникатна одлика што ги краси.
Погледнете некои од карактеристиките што ги разликуваат црвенокосите од нас, обичните луѓе.
Тие се „мутанти“
Генот MC1R е одговорен за нашите очи и кожа. Кога е неактивен или блокиран, почнува да произведува повеќе меланин, кој пак е одговорен за црвенкастите тонови. Овој „црвен“ ген ги предизвикува и пегите кај црвенокосите.
Можат да произведат повеќе витамин Д
Поради нивната светла кожа, црвенокосите горат полесно и можат да апсорбираат повеќе од сончевата светлина. Поради ова, нивниот организам произведува повеќе витамин Д.
Црвенокосите мажи имаат здравствени предности
Овие мажи имаат помали шанси да заболат од рак на простата. Едно истражување покажало дека само 5% од црвенокосите мажи ја имаат оваа болест.
Имаат поголеми шанси да бидат нападнати од пчели
Пчелите почесто ги боцкаат луѓето со црвена коса. Наводно причината е тоа што ја гледаат црвената боја како опасност.
Имаат ниска толеранција на болка
Нивните гени ги прават црвенокосите почувствителни на болка. Ова го намалува и апсорбирањето на анестезијата, па секогаш им е потребна поголема доза.
Имаат помалку коса
Иако нивната црвена коса може да биде многу густа, имаат само 90.000 влакна. Можеби не изгледа како малку, но за споредба, бринетите имаат околу 110.000, а русокосите 150.000.
Поголеми се шансите да бидат левораки
Според едно истражување, црвенокосите имаат поголеми шанси да бидат левораки. И ова е кодоминантна одлика, исто како и црвената коса.