Уникатни одлики што ги прават црвенокосите посебни
Британија е дом на најмногу црвенокоси
Повеќе црвенокоси живеат во Ирска и Шкотска. Дури и до 20-30% од населението ја има ова боја на косата. Сепак, постои претпоставка дека гените на црвенокосите потекнуваат од југозападна Норвешка.
Почувствителни се на ладно
Истиот ген што им ја дава бојата на косата може да го направи генот за детектирање температура преактивен. Па, на црвенокосите им студи повеќе за разлика од другите.
Повеќе им е страв од заболекар
Бидејќи се почувствителни на болка и анестетици, црвенокосите се поисплашени од заболекарите. Чувствуваат поголема анксиозност пред посета и страв им е од забоболки.
Имаат нивен ден за прославување
Многу држави го слават денот на црвенокосите. Во Германија е во септември, во Холандија е во август, а во Италија е во мај. Датите и траењето на сите прослави се различни, но ова е можност да им покажеме на нашите црвенокоси пријатели колку ги цениме.
Некои луѓе се плашат од нив
Најверојатно оваа фобија е поради предрасудите што постоеле за црвенокосите во минатото.
Тие се ретки
Бројот на луѓе со природна црвена коса е многу мал. Тие сочинуваат само 1% до 2% од населението, односно околу 70-140 милиони луѓе.
Спирова С. | Црнобело