Sвездени совети за мажите
Холивудските ѕвезди можеби се сметаат за едни од поискусните жени на полето на мажите. Што имаат тие да им кажат и да ги посоветуваат припадниците на посилниот пол?
1. Џејн Краковски – „Кога ќе прекинете со нас, тоа значи дека е готово и дека ќе спиеме со вас само уште два-три пати.“
2. Кортни Кокс – „Жените обрнуваат внимание на вашите раце. Веќе е доволни лошо ако немате мажествени раце, не морате да имате и подолги нокти од нас.“
3. Кристина Еплгејт – „Јавете ни се веднаш. Правилото за чекање три дена е чиста глупост, ако чекате предолго ние губиме интерес.“
4. Кармен Електра – „Кога прашуваме што да облечеме, имајте смисла за хумор и немојте да се лутите затоа што ние веројатно ќе го облечеме она што вие не сте го одбрале.“
5. Џенифер Лав Хјуит – „За нас не е комплимент ако бившата ја наречете дроља. И со неа сте биле во врска, зар не?!“
6. Мариска Харгитеј – „Ние сакаме кога се спремате за 15 минути за било каква прилика. Кога ви е потребно повеќе време се прашуваме во што е проблемот.“
7. Емили Дешанел – „Дури и ако сме во врска многу кратко немојте да не претставувате како пријателка пред вашите пријатели затоа што тогаш тоа е и она што ќе го добиете – само пријателство!“