ХИВ, чуми, сиромаштија: 25-те држави со најнизок просечен животен век

Воглавно, просечниот животен век на луѓето настојува да расте, но сепак, сè уште постојат држави каде што луѓето живеат многу кратки животи.

25-te-drzhavi-so-najnizok-prosechen-zhivoten-vek-01.jpg

Постојат разни фактори што влијаат врз просечниот животен век, вклучувајќи исхрана, јавно здравје, медицинска нега, економски околности, полови разлики, стапка на криминал и слично.

Кога ќе го земете ова предвид, не треба да ве чуди што повеќето држави со низок просечен животен век се лоцирани во сиромашните делови на Африка и регионите опустошени од војна.

Погледнете кои се државите со најнизок просечен животен век:

1. Боцвана: 53,33

Оваа држава во Јужна Африка има население од 2 милиони жители и има релативна политичка стабилност и социоекономски просперитет. Сепак, Боцвана страда од епидемија на ХИВ/СИДА и е инфицирано речиси четвртина од населението. Поради ова, локалните жители во просек живеат по 53, 3 години.

2. Нигер: 53,8

Државата во Западна Африка е соочена со сериозни предизвици поради пустинскиот терен, сиромаштијата, големата плодност и пренаселеноста. Покрај краткиот животен век, во Нигер е највисоката стапка на смртност на деца во светот. Причината е што за повеќето деца во државата нема соодветна исхрана.

3. Брегот на Слоновата Коска: 53,02

Ова е уште една држава од Запдна Африка каде што луѓето имаат релативно високи приходи, но сепак треба да се работи многу на здравството. Во државата има огромен недостаток од лекари, односно на 100.000 луѓе има само 12 лекари. Покрај тоа, повеќе од третина од локалните жени минуваат низ генитално кастрирање, поради кое умираат многумина. Исто голем проблем е и инфекцијата со ХИВ/СИДА.

4. Гвинеја: 52,44

Дом на околу 10,5 милиони луѓе, Гвинеја е државата каде што започна епидемијата на ебола во 2014-та година. Покрај вирусот, државата се бори и со други смртоносни болести, како СИДА и маларија. Ограничениот пристап до медицинска нега, неправилната хигиена и недостатокот од храна се исто причина за краткиот животен век.

5. Уганда: 52,24

Уганда страда од чести конфликти, вклучувајќи и долга граѓанска војна која резултираше со илјадници жртви. Уганда има постигнато напредок во борбата против ХИВ и СИДА, но смртта од компликации при бременост и високата стапка на смртност на деца остануваат проблем.

25-te-drzhavi-so-najnizok-prosechen-zhivoten-vek-02.jpg

6. Малави: 51,55

Една од најмалите африкански држави неуспешно се обидува да го подобри своето здравство. Иако се гледа некаков напредок кај проблемот со морталитетот на децата и е намален бројот на заболени од ХИВ и други болести, сè уште има многу смртни случаи поради кастрација и за време на породување.

7. Јужна Африка: 51,20

Како една од најпросперитетните држави во Африка, изненадувачки е што се наоѓа на листава. Интересно е што овде има голема разлика помеѓу просечниот животен век на црните Јужноафриканци (48 години) и белите (71 година). Во Јужна Африка има 6,3 милиони луѓе заболени од ХИВ – повеќе од која било држава во светот.

8. Нигерија: 50,26

Со 182 милиони жители, Нигерија е најнаселената држава во Африка. За жал, само половина од населението има пристап до вода за пиење. Ова, во комбинација со лошите хигиенски услови и насилството во државата, е причина за нискиот просечен животен век.

9. Сомалија: 50,24

Лоцирана во Источна Африка, Сомалија е сиромашна држава позната по граѓанската војна. Здравството на Сомалија, како и други делови од инфраструктурата се уништени, па голем дел од населението нема пристап до основна медицинска нега.

10. Екваторска Гвинеја: 50,10

Како голем производител на нафта, Екваторска Гвинеја е најбогата држава по жител во Африка. Сепак, богатството е неправилно распоредено и само малкумина уживаат од парите од нафтата. Поголемиот дел од населението не може да си дозволи ни вода за пиење, ниту медицинска нега, па 20% од локалните деца умираат пред да наполнат 5 години.

25-te-drzhavi-so-najnizok-prosechen-zhivoten-vek-03.jpg

11. Мали: 49,99

Како дом на 15 милиони луѓе, Мали се соочува со многу предизвици поврзани со сиромаштија, неухранетост и неправилна хигиена. Медицинските установи и лековите се навистина ограничени овде. Покрај тоа, 90% од девојчињата се кастрираат, што често има фатални последици.

12. Камерун: 49,97

Лоцирана во Западна Африка, Камерун ужива во релативно висока политичка и социјална стабилност. Но, голем дел од населението живее во сиромаштво бидејќи богатството и моќта лежат кај претседателот. Квалификуваните лекари и медицински сестри се преселуваат поради лошите плати. Покрај болестите како маларија, женското население е подложено на ужасни третмани, како „пеглање“ на градите.

13. Ангола: 49,62

Седмата најголема држава во Африка го има истиот проблем како Камерун. Економијата на државата цути, но стандардите за живот остануваат ниски за поголемиот дел од населението. Стапката на смртност на деца е помеѓу најлошите во оваа држава. Епидемиите од колера, маларија, беснило и туберкулоза имаат големо влијание врз здравството.

Уште 14 држави на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg