Како да препознаете лош совет?
Движејќи се по непредвидливите патеки на животот, од нас се бара секојдневно да одлучуваме - некои од тие одлуки ќе ни го променат животот, други ќе останат незабележани, но неретко самиот процес знае да биде застрашувачки.
За да си помогнеме, бараме совети од нашите блиски и тоа ни се чини како добра идеја. Но, дали секогаш добиваме добри совети? Како да препознаете лош совет?
На неискуството му недостасува мудрост
Лошиот совет може да има многу различни форми. За жал, понекогаш луѓето кои веруваат дека се доволно компетентни да споделат совет, не се ни приближно вистинските луѓе за тоа.
Ако советот што го добивате доаѓа од некој кој нема никакво искуство со вашата конкретна ситуација, тогаш веројатноста дека неговиот или нејзиниот совет ќе ви помогне е прилично мала.
Дали би побарале совет за тоа како да подготвите бифтек од некој кој не знае да спржи ни јајце? Најверојатно не.
Различните перспективи го прават реалниот пристап невозможен
На спротивниот крај се наоѓа совет базиран на многу искуство. Но ако мислите дека советите кои доаѓаат од некој што има искуство со вашата ситуација се издржани, размислете уште еднаш. Перцепцијата е различна за секој од нас, па така некој што имал
ужасно искуство со ситуација слична на вашата тешко дека нема да биде пристрасен.
Некој, пак, што доживеал позитивни резултати од ваква ситуација, најверојатно, ќе биде пристрасен во спротивна насока. И двата пристрасни совети можат да бидат штетни, бидејќи тие не можат да се применат во вашите околности. Важно е да се има на ум дека секоја ситуација е посебна и дека вашиот исход може да биде многу различен.
Зошто да замислувате исход што не би го посакале?
Лош совет, исто така, може да дојде од извори на кои не им верувате, се восхитувате или почитувате. Дали областа во која ви треба совет (финансии, кариера, односи, итн.) во животот на вашиот советник е тоа што би го сакале за себе? Ако е така, тогаш одлично, но ако не, можеби би требало да побарате совет на друго место.
Што треба, а што сакате да слушнете?
Мора да бидете подготвени да го слушнете советот што е најдобар за вас, не само советот што сакате да го чуете.
Сакате да започнете бизнис, иако не сте подготвени финансиски? Сакате да останете во лоша врска, бидејќи се чувствувате удобно? Сакате да продолжите да ја работите работата што не ја сакате и да не го следите вашиот сон? Ќе најдете некој кој ќе ви даде зелено светло за да ве поттикне во таа насока. Но, дали е тоа тоа што е најдобро за вас?
Ако вашата совест мисли дека е лош, тогаш веројатно е
Најмногу од сè, важно е да ја слушате вашата совест. Лошиот совет најчесто ќе направи да се чувствувате нерешително и лошо кога ќе ви треба задоволство и мир.
Не обидувајте се да ја задушите својата интуиција или да издвоите што навистина мислите дека е најдоброто за вас. Размислете за она што сте го научиле и за што знаете дека е најдобро.
Понекогаш нашата совест е најдобриот советник.
А. Ш. | Црнобело