10 чести прашања со фасцинантни одговори

Повеќето од нас се прашуваме за нештата за кои речиси никогаш не добиваме точен одговор. Причината не е бидејќи недостасуваат објаснувања, туку тоа што прашањата се толку чести, што не поттикнуваат истражување. Сепак, обичните загатки неретко имаат фасцинантни одговори.

10-chesti-prashanja-so-fascinantni-odgovori-01.jpg

Во продолжение погледнете ги 10-те прашања што сигурно си ги имате поставено и прочитајте ги нивните неверојатни одговори:

Дали биковите навистина ја мразат црвената боја?

Во 2017 година, од Discovery Channel го тестираа овој факт. Екипата на Mythbusters се обидуваше да иритира бик со три разни тестови. Во првиот тест истражувачите поставија три знамиња во близина на бикот. Имаше само едно црвено знаме и животното тргна по него. Но, бикот тргна со иста жестокост и кон другите две знамиња со сина и бела боја.

За вториот тест беа поставени три кукли во рингот. Уште еднаш, куклите имаа сина, црвена и бела боја. Бикот повторно тргна кон сите, но прво ги нападна белата и сината кукла.

Во последниот експеримент, бикот целосно го игнорираше мажот со црвена облека кој стоеше мирно, а тргна по мажите кои носеа бело и сино и се движеа.

Ова покажува дека бикот не ја гледа црвената боја. Она што го прави гневен е движењето.

10-chesti-prashanja-so-fascinantni-odgovori-02.jpg

Зошто ни пукаат зглобовите?

Пукањето на зглобовите е честа појава. Кога зглобовите се одделуваат, ова предизвикува гасни меурчиња во течноста помеѓу зглобовите. Овој феномен бил прв пат сериозно истражен во 1947-ма година, а научниците имале поделени мислења.

Во 2015-та година се покажа дека формирањето на меурите е она што го предизвикува пукањето.

Друго често прашање во врска со оваа појава е дали пукањето на зглобовите предизвикува артритис. Одговорот е „Не“ и е потврден од неколку истражувања.

10-chesti-prashanja-so-fascinantni-odgovori-03.jpg

Зошто луѓето добиваат статички шокови?

Повеќето луѓе знаат како изгледаат статичките шокови, односно „да ве фати струја“. Овие шокови најчесто се добиваат од кваки и други метални предмети, а можат да се формираат и помеѓу двајца луѓе. Покрај тоа, изгледа како зимата да е сезона на шокови бидејќи се зголемува можноста да ве фати струја.

Основата на оваа безопасна појава е статичкиот електрицитет. Овој полнеж се насобира на површините како што е тепихот. Кога личноста ќе помине низ просторијата со тепих, таа го апсорбира електрицитетот. Односно, собира милиони екстра електрони. Кога личноста ќе допре нешто спроводливо, електроните се ослободуваат во предметот со чувство на шок.

Во текот на летото, атмосферската влага служи како спроводник. Водата ги насочува електроните настрана од телото, па не можете да ги почувствувате. Бидејќи влажноста на воздухот се намалува во зима, статичките шокови стануваат почести.

10-chesti-prashanja-so-fascinantni-odgovori-04.jpg

Зошто некои луѓе привлекуваат повеќе комарци?

Секој познава барем една личност што е магнет за комарци, а научниците знаат дека ова не е измислен проблем.

Интересно е што крвната група и пигментот на кожата немаат ништо со изборот на комарците. Наместо тоа, тие се привлечени од нешто што живее на човечката кожа. Луѓето не се само храна за комарците, туку тие нудат и совршено опкружување за милиони габи и бактерии.

Секоја микропопулација емитува органски соединенија. За комарците, некои од овие комбинации се навистина атрактивни. Она што истражувачите уште не знаат е зошто комарците преферираат еден мирис за разлика од друг.

10-chesti-prashanja-so-fascinantni-odgovori-05.jpg

Дали Маите ги жртвувале губитниците во спортот?

Маите и други култури во Месопотамија играле иста игра со топка. Топката била направена од гума и во играта учествувале два тима. Повеќето правила се откриени од артефакти, уметнички дела и историски записи. Целта била топката да остане што е можно подолго во воздух, а играчите не смееле да ја допираат со дланки или стапала.

Веројатно го имате слушнато верувањето дека секоја игра завршувала со жртвување на тимот, најчесто оној што изгубил. Сепак, истражувачите веруваат дека играчите не биле жртвувани.

10-chesti-prashanja-so-fascinantni-odgovori-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg