Највознемирувачките експерименти што биле изведени досега
13. Лажни сеќавања
Во '90-тите, психолозите Елизабет Лофтус, Џејмс Коан и Жаклин Пикрел успешно им всадиле лажни сеќавања на испитаниците на нивното истражување.
Сеќавањата биле за тоа како испитаниците се изгубиле во трговски центар и како сретнале анимиран херој во Дизниленд. Иако е морничаво да ви всадат лажни сеќавања, ова истражување направи вистински пресврт.
Истражувањето предизвика сериозен сомнеж во човечката меморија и сведочењето на очевидците. Имено, повеќето од вашите сеќавања се можеби лажни, а секој пат кога му се навраќаме на сеќавање тоа се менува повеќе и повеќе.
14. Нацистички експерименти со замрзнување
Во овој случај, зборот „морничаво“ не е доволно. Многу од она што ни е познато за состојбите како хипотермија, е благодарение на неетичките експерименти на нацистите.
Нацистичките истражувачи ги потопувале затворениците во смрзнувачка вода, на различен временски период. Исто така, ги оставале надвор на студот, а потоа повторно се обидувале да ги загреат.
15. Дејвид Рејмер
Родени во Канада, Дејвид и неговиот близнак Брајан биле обрезани поради проблеми со уринарниот тракт. Иако операцијата на Брајан поминала успешно, Дејвид бил осакатен.
Откако се консултирале со лекарите, родителите одлучиле да го одгледаат Дејвид како девојче, бидејќи гениталиите му биле премногу оштетени.
Тој добивал хормонални инјекции и терапии. Најлудиот дел е што психологот кој го дал советот, Џон Мани, само сакал да го искористи Дејвид како експеримент, со кој ќе докаже дека полот не е природен.
Дејвид никогаш не се чувствувал како девојче, па кога наполнил 14 години, родителите му ја кажале вистината. Тој веднаш се обидел да стане машко – примал тестостерон, имал мастектомија и фалопластија.
За жал, Дејвид извршил самоубиство.
16. Дупка на очајот
Хари Харлоу не е познат по неговата емпатија. Имено, овој научник како да ги создаде движењата за правата на животните, поради неговите луди експерименти.
Хари ги одделувал бебињата мајмуни од нивните мајки и ги чувал изолирани по цела година. Голем дел од мајмуните полуделе и никогаш не им се подобрила состојбата.
17. Изрази на лице
Во 1924-та година, студентот по психологија Карни Лендис, направил навистина луд експерименти на Универзитетот во Минесота. Тој цртал линии на лицата на испитаниците, со цел да ги забележи нивните реакции на разни стимули.
Но на крајниот дел од експериментот, започнало вистинското лудило. Тој им дал стаорец на испитаниците и им рекол да му ја пресечат главата. Иако на никој не му се допаднала од идејата, третина од испитаниците го послушале.
Кај оние кои не се согласувале, Карни самиот ги убивал стаорците.
18. Мајмуни и дрога
Спроведени во 1969-та година, од страна на Дено, Јанагита и Сиверс, едноставно кажано, во овие истражувања научници им давале наркотици на мајмуните – од кокаин до алкохол.
Иако нормално е да очекувате мајмуните да станат малку поагресивни, тие буквално полуделе. Некои од нив си ги извадиле прстите или целото нивно крзно.
19. Проектот аверзија
Во текот на 70-тите и 80-тите, војската на Јужна Африка пробала да ги „промени“ хомосексуалните војници, со кастрација и други методи.
20. Истражувањето „Чудовиште“
Во 1939-та година, Вендел Џонсон го спровел експериментот на Универзитетот во Ајова. Тој ги поделил сираците испитаници во две групи.
Во едната група им кажувал на сираците дека држеле одлични говори, а кон другите бил негативен. Сираците во негативна група развиле проблеми со самодовербата, што останало како карактеристика и кога станале возрасни.
Всушност, некои од нив дури развиле и проблеми со говорот.
21. Малиот Алберт
Во 1920-тите, истражувачите од Џон Хопкинс му претставиле крзнени животни на детенце по име Алберт. Алберт изгледал љубопитен и сакал да си игра со нив.
Потоа тие го условиле Алберт да ги мрази животните, така што силно удирале со чекан секогаш кога се појавувале. За жал, Алберт умрел од неповрзани причини на 6-годишна возраст, но во текот на овие 6 години, никогаш повеќе не сакал животни.
22. Помош
Во 1960-тите, истражувачите на Универзитетот Колумбија спровеле експеримент за да разберат зошто е помала веројатноста група луѓе да ѝ помогнат на личност во неволја, за разлика од еден човек.
Тие ги сместиле испитаниците во просторија којашто постепено ја полнеле со чад. Кога во просторијата имало само една личност, таа речиси веднаш го пријавувала чадот.
Кога биле повеќе луѓе, им било потребно подолго време. Причината за ова е тоа што секоја личност мисли дека некој друг би направил нешто, или дека сè е во ред штом никој не прави ништо.
23. Експериментот со затвореници на Стенфорд
Ова е навистина познат неетички експеримент, спроведен во 1971-ва година. Во истражувањето учествувале студенти од кои половина имале улога на затвореници, а другата половина на чувари.
По неколку недели, чуварите се претвориле во садистички малтретирачи, а сите затвореници развиле депресија.
24. Единица 731
Воените затвореници во оваа истражувачка установа во Јапонија преживеале многу. На нив биле изведувани незамисливи експерименти – тие биле разнесувани, сечени, замрзнувани и користени за тестирање оружје.
Спирова С. | Црнобело