Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто треба да ги чувате вашите „најстари“ пријатели?

Со нив ги имаме поминато најубавите и најлошите моменти во животот. Не постојат луѓе кои нè познаваат подобро од нив.

Najstarite prijateli se nezamenlivi vo nasiot zivot eve zosto 01

Време е да се потсетиме зошто нашите најстари пријатели се незаменливи и зошто треба да се обидеме да одржиме врска со нив, иако можеби повеќе не живееме во ист град или држава.

Нè потсетуваат кои сме и од каде сме.

Старите пријатели ќе ве прашаат како ви е на работа и во врската, но тие се и оние со кои ќе се шегувате како да сте сè уште во основно училиште.

Секој состанок ќе биде причина да се потсетите на безгрижните моменти од детството, и да бидеме искрени, малку носталгија во стресниот возрасен живот никогаш не е лоша.

Знаат како да нè расположат.

Тие сè уште се сеќаваат на она што нè тера да се смееме и знаат како да нè расположат кога сме депресивни.

На крајот на краиштата, тие веќе многу пати нè имаат видено во вакви ситуации додека заедно растевме. Дополнителен плус е што никогаш не треба да се оправдуваме пред нив.

Najstarite prijateli se nezamenlivi vo nasiot zivot eve zosto 02

Во нивно присуство се чувствуваме како во семејство, но без притисок.

Топлината на семејниот дом е незаменлива, но постои, речиси, иста блискост меѓу старите пријатели, а можеме да очекуваме и помалку осуда за некои (не)донесени одлуки.

Уживаме во нивното друштво, иако повеќе немаме заеднички интереси.

Со текот на годините се опкружуваме со луѓе кои се слични со нас и со кои делиме исти интереси. За жал, кога интересите ќе се променат, се прекинуваат и пријателствата.

Ова не е случај со старите пријатели. Без оглед на тоа колку сме се промениле во меѓувреме, чувството на поврзаност меѓу нас останува иста.

Najstarite prijateli se nezamenlivi vo nasiot zivot eve zosto 03

Тие се најискрените пријатели што некогаш ќе ги имаме.

Децении на пријателство не се фрлаат. Ако новите пријатели се двоумат да ни кажат што навистина мислат, старите пријатели нема да имаат проблем со тоа, бидејќи знаат дека нема да ги отпишеме само затоа што не се согласуваат со нас.

Понекогаш луѓето треба да бидат сосема искрени со нас и да ни кажат каде грешиме. Затоа се тука нашите најстари и најверни пријатели.

 Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg