Претвора метал во злато и сребро - што всушност е каменот на мудроста?

За митската супстанца постојат интересни написи, а истата е и чест мотив во анимираните и играните филмови. Сепак, се чини дека на многумина не им е јасно што е всушност каменот на мудроста. 

znaete-li-sto-e-i-kakva-mokj-ima-kamenot-na-mudrosta-01.jpg

Едноставно кажано, се верува дека оваа супстанца има моќ да го претвори секое парче метал во злато или сребро, како и да биде „еликсир на животот“.

Идејата зад овој камен е алхемиски принцип, кој за прв пат се појавува во историските записи на Зосима од Панополис, а малку подоцна и во записите на арапскиот алхемичар Џабир Ибн Хаџан, кој во VIII век заклучил дека секој метал може да стане нешто друго доколку му се отстранат основните квалитативни карактеристики (грубост, влажност, топлина и студ). Тој ова го нарекол еликсир, а се верува дека се работи за црвен прав.

Истражувањата на Џабир не биле научни, туку се потпирале на основните природни принципи. Според една легенда, каменот на мудроста бил создаден од доминиканскиот монах, Алберт Велики, кој своето учење му го предал на својот ученик, Тома Аквински.

Меѓутоа, каменот на мудроста најчесто се поврзува со името Николас Фламел, Французин кој живеел во 14 и 15 век и кој, наводно, го претворил оловото во злато и го открил каменот на мудроста.

Иако не постојат историски докази дека Фламел воопшто се занимавал со алхемија, во книга објавена во Париз во 1612 година, се опишани деталите поврзани со неговото откривање на оваа супстанца.

Znaete li sto e kamenot na mudrosta 03

Во оваа книга пишува и дека Фламел проучувал хебрејски текстови, патувал во Шпанија за да добие прецизни преводи на некои записи и дека во 1382 година, успеал да создаде сребро, а потоа злато.

Ова била основа за многу подоцнежни легенди за Николас Фламел.

Како што објаснува модерната наука, златото е хемиски елемент кој не може да се формира од други елементи како резултат на хемиски реакции.

Досега се направени само мали количини на злато во акцелератори на честички и нуклеарни реактори, но се работи за постојани неуспеси, бидејќи на овој начин се добива радиоактивен изотоп, а целиот процес е многу скап.

Во хиндуизмот каменот на мудроста е поврзан со боговите Вишну и Ганеш. Се верува дека се работи за накит што го носат кралот Нага или Макара.

Znaete li sto e kamenot na mudrosta 02

Сепак, покрај својата долга традиција, самите алхемичари сè уште не се согласуваат  што е конкретно каменот на мудроста - одредена супстанца која може да се создаде или метафора за учење и мудрост?

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg