Синестезија - светот во кој можете да ја видите музиката и да ги вкусите зборовите

Замислете како би изгледал светот кога секој звук би имал своја боја, секој збор свој вкус? Ова може да го објасни синестезија, невролошки феномен со кој истовремено можат да се користат две или повеќе сетила. 

Sinestezija svetot vo koj mozete da ja vidite muzikata i da gi vkusite zborovite 01

Додека повеќето од нас гледаат слики, слушаат музика или чувствуваат допир, синестетите можат да го видат звукот и да го почувствуваат вкусот на зборовите. Во повеќето случаи тие не знаат колку се посебни, бидејќи нивната реалност е единствената реалност што ја знаат.

Голем број на експерти тврдат дека сите сме родени со синестезија, но истата се губи до третиот месец. Меѓутоа, кај некои луѓе синестезијата останува засекогаш. Еден од најчестите видови на синестезија е кога лицето гледа букви и броеви во боја, а најреткиот тип е кога луѓето ги поврзуваат зборовите со вкусот.

Постојат повеќе видови на синестезија. Еден вид на синестезија е кога некој набљудувач може на својата кожа да ги почувствува допирите и болката, кои ги доживува некоја друга личност.

Многумина ќе речат дека се работи за сочувство, но иако постои сличност меѓу синестезијата и емпатијата, кај синестезите чувствата се поврзани исклучиво со сетилото на видот. Синестезот не може да го чувствува она што не може да го види.

Еден од поинтересните видови на синестезија е персонификација на броеви, букви или денови. Така, на пример, секој ден во неделата има одреден тип на личност. Бројот шест може да биде млада срамежлива девојка, а вторник намуртен, постар господин.

Sinestezija svetot vo koj mozete da ja vidite muzikata i da gi vkusite zborovite 02

Синестетите се претежно многу креативни луѓе. Постојат многу уметници што се синестези.

Ед Ширан ја гледа својата музика како портокалова боја, Клод Моне, познатиот импресионист, ги создавал своите дела со помош на синестезија, Франц Лист, честопати му кажувал на својот оркестар да користи повеќе сина боја, не толку розева.

Џими Хендрикс зборувал за музика, акорди и бои. Неговиот омилен акорд бил Е7#9, кој за него имал пурпурна боја.

Уште еден познат музичар го доживува светот на овој неверојатен начин, Стиви Вондер. И покрај тоа што е речиси слеп цел живот, тој вели дека музиката му дава бои, дека со свирењето може да ги визуализира боите на своите ноти.

Sinestezija svetot vo koj mozete da ja vidite muzikata i da gi vkusite zborovite 03

Додека славниот Ван Гог присуствувал на часови по пијано, неговиот професор забележал дека ги поврзува нотите со одредени бои. Во тоа време не се знаело за овој феномен, па младиот Ван Гог бил принуден да ги напушти часовите.

Во неговите слики можеме да ја видиме динамиката на боите. Неговите наизменични потези со четка и експресивни бои, кои често биле толкувани како симптоми на разни невролошки нарушувања, можат да бидат резултат на премногу голема синестезија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg