Зошто црвенокосите луѓе се посебни?

Црвенокосите луѓе се реткост во светот, а нивната генетика им овозможува предности над другите луѓе, како и недостатоци. Неминовно, постојат и многу заблуди и стереотипи за црвенокосите луѓе што довеле до претерани, па дури и насилни неодобрувања низ историјата.

Crvenokosite luge se posebni eve i zosto 01

Па така црвенокосите луѓе биле вештерки, вампири, нимфомани… Тие сочинуваат само два проценти од светското население, но нивната посебност не застанува тука.

На пример, црвените жени можат да толерираат до 25 проценти повеќе болка од оние со друга боја на коса, косата не им седи брзо, почувствителни се на високи и ниски температури и сл.

Ова се неколку уникатни карактеристики на црвенокосите луѓе кои ги чинат посебни:

Црвениот ген е мутација

Таканаречениот „црвен ген“ ген е, всушност, мутиран MC1R ген. Токму оваа мутација е одговорна за црвената коса во сите нијанси, бледата кожа и пегите. Црвениот ген е рецесивен, што значи дека се пренесува од двата родители.

Комбинацијата на црвена коса и сини очи е најретката во светот. Црвенокосите луѓе обично имаат кафеави и зелени очи.

Благодарение на мутацијата потребно им е помалку витамин Д од „обичните смртници“, а имаат и помал ризик од болести како што се дијабетес и артритис. На кратко, имаат ген кој ја зголемува чувствителноста на температурите.

Се чини дека имаат и подобра смисла за хумор, доколку му веруваме на професорот Ендру Стот. Тој ги поврзува црвенокосите луѓе со комедијата во 19-от век. Во тоа време луѓето со оваа боја на коса глумеле во комедии, бидејќи се истакнувале во толпата.

Само 2% од популацијата имаат црвена коса

Иако е тешко да се соберат информации за тоа колку, всушност, има црвенокоси луѓе во светот, се проценува дека чинат околу 1% до 2% од светската популација. Ги има најмногу во Шкотска, околу 19%.

Crvenokosite luge se posebni eve i zosto 02

Црвената коса не седи толку брзо

Никој не е имун на седи влакна, но црвената коса полека избледува со текот на времето и се претвора во руса коса, а потоа конечно во сива или бела боја. Ова се должи на силниот пигмент.

Тие имаат помалку коса отколку другите луѓе

Кога размислувате за црвенокосите луѓе, веројатно ги замислувате со бујна коса, но црвенокосите луѓе имаат помалку коса. Поединечните влакна на нивната коса се подебели во дијаметар, поради што делува дека имаат густа коса.

Поголема доза на анестетици

Истражување објавено во Американското здружение за анестезиолози покажа дека волонтерите со црвена коса барале 19% повеќе анестетици, отколку оние со темна коса. Ова значи дека се повеќе подложни на болка предизвикана од топли и ладни екстремитети.

Crvenokosite luge se posebni eve i zosto 03

Произведуваат повеќе витамин Д

Иако се повеќе подложни на изгореници, тие имаат една предност, кога станува збор за сончева светлина. Црвенокосите луѓе се подобри во создавањето на витамин Д. Имено, северно-европските земји имаат најголем број црвенокоси луѓе. Нивната кожа посветлува со текот на времето, бидејќи се изложени на помало количество на сонце.

Од друга страна, потемните луѓе развиле блокада за штетните УВ зраци, но во овој процес ја изгубиле способноста за природно производство на високи количини на витамин Д.

Мисконцепции за црвенокосите луѓе низ историјата

Античките Грци верувале дека црвенокосите луѓе биле вампири. Во Египет, црвената коса била поврзана со злобниот бог, Сет, а Римјаните ја покажувале својата недоверба кон луѓето со црвена коса давајќи им црвени перики на луѓето кои ги глумеле робовите во нивните драми.

Многу минати христијански заедници верувале дека црвената коса била знак на ѓаволот, како и пегите. Не се знае од каде доаѓа оваа предрасуда, но многумина шпекулираат дека старите христијански заедници верувале дека Јуда имал црвена коса.

Ова верување станало толку популарно што сликите на црвенокосиот Јуда можеле да се видат во 16-ти век во Англија, Франција, Фландрија и Шпанија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg