Хероин, кокаин, алкохолизам - од кога постојат најголемите зависности?

Уште од дамнешни времиња човештвото ги користело халуциногените, опијатите и стимулансите во многу различни цели. Се користеле како медицински третмани, додатоци во исхраната, религиозни ритуали…

Smrtonosni ili lekoviti Ova e temnata istorija na zavisnostite 01

Дури и социјалните настани вклучувале употреба на она што денес го нарекуваме „недозволени супстанции“.

Во раните денови на човечката цивилизација, како и низ историјата, општеството ја осудувало злоупотребата и прекумерната употреба на таквите супстанции.

Прочитајте нешто повеќе за историјата на зависностите низ вековите.

Алкохолизам

Пред илјадници години алкохолот бил најчестиот пијалак во речиси секој дел од светот.

Некои археолошки записи од Кина, кои датираат од пред 10 илјади години, кажуваат дека луѓето мешале мед, ориз и овошје за да создадат алкохол.

Иако терминот „алкохолизам“ сè уште не бил измислен, општество и тогаш било против прекумерното пиење.

Кон почетокот на 19-ти век, еден германски лекар, Кристоф Вилхелм Хуфеланд, го измислува терминот кој ќе ја дефинира состојбата на неконтролирана желба за алкохол. Хуфеланд оваа зависност ја нарекува „дипсоманија“, а потекнува од грчкиот збор дипсо (жед) и манија.

Еден век подоцна, пуританските организации, како „Анти-салонска лига“, го популаризираа новиот термин „алкохолизам“, кој го користиме и денес.

Алкохолизмот стана проблем во индустриската ера, најмногу поради тоа што технолошкиот напредок дозволуваше побрзо и поевтино производство на алкохол, со што истиот стана подостапен за јавноста.

Објекти за рехабилитација, како и групи за поддршка, за прв пат се појавуваат во 1940-тите години.

Smrtonosni ili lekoviti Ova e temnata istorija na zavisnostite 03

Хероин

Потеклото на хероинот лежи во опиумот, древниот лек кој се користел уште во Месопотамија, пред околу 3400 години п.н.е. Опиумот го користеле античките Египќани и Персијци, пред да се прошири во Европа, Индија и Кина.

Во 1805, морфиумот (именуван по грчкиот бог на соништата, Морфеј) бил изолиран од опиумот, по што почнал да се продава во комерцијална смисла во 1827 година. Меѓутоа, кога Американската граѓанска војна почнала да ги прикажува жртвите на морфиумската зависност, морало да се најде замена.

Хероинот е синтетизиран од морфиумот во 1874 година како лек за зависности. Во тоа време не знаеле дека и од хероинот можело да се стане зависен.

Новата супстанција станала уште поголема закана за општеството, поради што се ставила забрана за увоз, производство и користење на какви било опиумски производи.

Smrtonosni ili lekoviti Ova e temnata istorija na zavisnostite 02

Кокаин

Кока е еден од најстарите и најмоќните стимуланси од природно потекло.

Најмалку 5000 години луѓето од високите планински масиви во Андите, во Јужна Америка, ги џвакале лисјата од кока за да се адаптираат на планинскиот воздух.

Стимулативниот ефект на коката го зголемува дишењето и внесот на кислородот.

Во 1859 година, Алберт Ниман го извлекува кокаинот од листовите на кока, а во 1880-тите години оваа супстанца станува популарна во медицинската заедница. 

Кокаинот станува славен лек, возвишуван од политичарите, научниците и актерите. Супстанцата се употребувала толку многу што создала околу 200.000 зависници.

Крек кокаин, кристализирана форма на дрогата, станува популарна во 1980-тите. Помеѓу 1985 и 1989 година, бројот на корисници на кокаин скокнал од 4,2 милиони на 5,8 милиони луѓе.

Smrtonosni ili lekoviti Ova e temnata istorija na zavisnostite 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg