Како престанав да се нервирам - ми беа потребни 40 години да ги разграничам важните од неважните работи

Денес наполнив 40 години. Животот не излезе онаков каков што се надевав дека ќе биде. Некои работи, како на пример родителството, беше подобро отколку што замислував дека ќе биде, додека од друга страна, здравјето почна да ми се влошува.

Kako-prestanav-da-se-nerviram-01.gif

Една лекција, една година, еве што научив на долгиот пат кој трае 40 години од предизвикот наречен живот:

40. Единствената личност којашто треба да ја слушаш си ти самата. Престани да глумиш и биди она што си.

39. Луѓето нема да те сакаат и тоа е ок. Има многу луѓе коишто те обожаваат – фокусирај се на нив.

38. Кога ќе подостариш, не значи дека ќе станеш помудра. Некои луѓе со години ги прават истите грешки. Биди паметна, учи од своите грешки и не повторувај ги.

37. Ти најдобро знаеш сè за себе, па затоа не барај совет од другите луѓе. Самата решавај ги своите проблеми.

36. Слушај го она што ти го зборува срцето, а мозокот полека ќе стигне до остварување на таа желба, чекор по чекор.

35. Понекогаш не знаеш дека има работи што не ги знаеш. Попатно може да се сетиш на нив од претходно или пак да ги научиш. Само продолжи напред, ќе го научиш сè она што ќе ти биде потребно.

34. Грешките се неминовни, тоа е животот. Не постои човек на планетата кој не прави грешки.

33. Никогаш не ги слушај другите кога ти велат дека нешто е невозможно. Сè е возможно, доколку ти одлучиш да успееш.

32. Никој не знае што носи иднината.

31. Доколку некој ти тврди дека може да (ти) ја превиди иднината во однос на љубовта, парите, животот, знај дека те залажува.

30. Верувај во своите соништа, дури и кога другите мислат дека си луд-а.

29. Престани да си создаваш дополнителен стрес. Здравјето ти е потребно, а стресот го уништува.

28. Спиј најмалку по 7 часа во текот на ноќта со цел да можеш нормално да функционираш.

27. Води сметка за своето тело, тоа е храмот на твојата душа.

26. Кажувај го она што го мислиш. Секогаш исполнуваj ги своите ветувања, без обѕир колку скапо ќе те чини тоа.

25. Ќе стекнете самодоверба само доколку му се препуштите на животот.

24. Искушенијата се краткотрајни, а последиците траат цел живот. А „цел живот“ е навистина долг период.

23. Плановите често пати се изјаловуваат. Затоа, секогаш имај план „Б“ со цел да можеш да се движиш напред.

22. Секогаш следи го својот план, но води сметка дека на истиот ќе му биде корекција одвреме-навреме, како што поминуваат годините. Ништо не следи слепо, прошири ги своите видици.

21. Работи паметно, а не вредно.

Уште 20 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg