Што може да нè научи тишината?
Важноста на тишината во секојдневниот живот е занемарена и потценета, речиси и заборавена. Навикнати сме постојано да слушаме нешто, изложени на секојдневните звуци, што тишината може да „звучи“ многу чудно. Тишината има големо влијание врз начинот на кој размислуваме, врз нашите секојдневни активности и врз нашите односи. Бидејќи ја заборавивме тишината, истата често станува непријатна, искривена и неприродна. Тогаш што може да нè научи тишината?
Психолозите велат дека, кога ќе се навикнеме на тишината, ќе доживееме многу корисни промени, бидејќи ќе имаме време и мир да се посветиме на себеси. Практикување на повремена изолација и уживање во тишината ја зголемува чувствителноста, која ќе се одрази на промените на свеста во сите сетила, мисли, намери и чувства. На овој начин можеме да се соочиме со проблемите пореално.
Тишината често е инкорпорирана со престојување во природа. Таа, исто така, ја зајакнува намерата и предизвикува акција, бидејќи нашиот ум има најголеми шанси да ја негува свесната намера која подоцна ја мотивира акцијата.
Тишината нè става во состојба на ментална рефлексија која го ослободува нашиот интелектуален ум. Ова значи дека ќе имаме поинаков пристап и поинаква идеја кога ќе се обидуваме да го решиме проблемот.
Докажано е дека човечката волја се зајакнува секој пат кога ќе избереме да не реагираме на секоја мисла која поттикнува одредена акција.
Мозокот ги евалуира информациите во тишина. Кога се одмора, тој е во состојба да ги интегрира внатрешните и надворешните информации во „свесен работен простор“, т.е. кога не е вознемирен од бучава, мозокот има слобода го открие своето место во внатрешниот и надворешниот свет.
Едноставно кажано, тишината ни помага да размислуваме за длабоки работи на покреативен начин.
Додека бучавата може да предизвика стрес и напнатост, тишината го ослободува мозокот и телото од напнатост. Истражувањата покажуваат дека само две минути тишина можат да делуваат порелаксирачко отколку слушање на музика која стимулира релаксација.
Привремен престој во тишина целосно може да го промени нашиот живот. На овој начин учиме да зборуваме помалку, но да изговараме повеќе. Во тишината ги забележуваме нештата кои досега не сме ги забележувале, ги слушаме разликите во звуците на природата.
Во тишината сите работи ги учиме од почеток, од суштината на која често пати забораваме - да бидеме во мир и тишина со себеси.
Ашера | Црнобело