Од трговецот на смртта до најголемото признание за достигнување - Како настанала Нобеловата награда?
Од Марија Кири, која не само што била првата жена што ја освои Нобеловата награда, туку и првата личност што има освоено награда во две различни категории, Аунг Сан Су Кји, единствената личност која ја доби наградата додека била во притвор, до Алберт Ајнштајн и Иво Андриќ.
Нобеловата награда секоја година ги слави исклучителните достигнувања на брилијантните поединци. Самата приказна за создавањето на Нобеловата награда е подеднакво фасцинантна и интересна, а зад себе има тажна приказна придружена со голема конфузија на новинарите, разочараност и динамит.
Кога скромниот Швеѓанец по име Лудвиг Нобел почина во 1888 година, француските новинари го помешаа со неговиот помлад брат Алфред, познат шведски претприемач и пронаоѓач, кој стана богат откако го измислил динамитот. Во париските весници пишуваше: „Трговецот на смртта е мртов!“
Алфред Нобел така ја имал ретката несреќа да чита за сопствената смрт. Додека новинарите, мислејќи дека е мртов, продолжиле да пишуваат лоши работи за него, Алфред реши да ја промени својата животна приказна пред да биде предоцна, а на 27 ноември во 1895 година почна да ја рационализира својата идеја.
На четири страници напишал листа на работи кои ќе ги остави на своите роднини и на персоналот (бидејќи немал деца). Во својот тестамент побарал остатокот од неговиот имот да се инвестира во фонд кој секоја година ќе дистрибуира награди за луѓето кои направиле најкорисни работи за човештвото.
Тој, исто така, напишал и дека каматите треба да се поделат на пет еднакви делови и дека секој дел треба да му се даде на лицето одговорно за најважното откритие во четири категории.
И конечно, еден дел ќе се даде на личноста која ќе направи најмногу добри работи за човештвото, за укинување или намалување на бројот на војските и за одржување и промовирање на мирот - Нобелова награда за мир.
Тестаментот на Нобел, кој сега се чува во Нобеловата фондација за мир во Стокхолм, и кој никогаш не бил изложен, бил речиси спонтан. Кога завршил со пишувањето Нобел побарал од четворица случајни минувачи да бидат сведоци на документот. Кога починал следната година, неговиот 25-годишен асистент требало да ја изврши неговата желба.
Иако е благородна и корисна за целото човештво, последната желба на Нобел во почетокот се сретна со голем отпор. Неговите братучеди, кои не биле свесни за неговиот план, биле во шок.
Шведското кралско семејство го осуди, бидејќи не бил патриот и бидејќи сакал да ги награди луѓето од сите националности, а не само Швеѓаните. Но оваа идеја доби и многу одобренија.
Пет години по читањето на тестаментот на Нобел, за првпат биле доделени Нобеловите награди во Шведска и Норвешка (1901). Подоцна, во Стокхолм бил отворен и музеј, а сè друго е историја.
Ашера | Црнобело