Морничави кукли наместо луѓе, крвав водопад, врата која води кон пеколот - би ги посетиле ли најстрашните места во светот?
Глечерот Тејлор, Антарктик
Можеби изгледа како криминална сцена, но црвениот водопад или попознат како „крвавиот водопад“ е всушност природен феномен. Овој феномен е стар околу 5 милиони години и е резултат на тоа што глечерот под себе затворил езеро богато со микроби.
Изолирана од светлина и кислород, водата во езерото станувала сè поконцентрирана со сол и железо. Солта во водата (којашто е трипати посолена од океанската) оневозможува таа да замрзне, а железото ѝ дава црвена боја, па затоа таа непрестајно тече низ пукнатина на глечерот како крвав водопад.
Висечките ковчези на Сагада, Филипини
Доколку сакате да одите на гробишта во Сагада, ќе треба да гледате нагоре наместо надолу. Луѓето од овој регион ги „закопуваат“ своите мртви во ковчези коишто ги закачуваат на страните од карпите.
Традицијата се протега илјадници години наназад. Многу од ковчезите коишто се на карпите се стари стотици години и секој од нив е различен, скоро како секој да си го направил ковчегот по свој вкус.
Катакомбите Капучин, Палермо, Сиција, Италија
Сите катакомби се морничави, но ниту едни не се така морничави како сицилијанските Катакомби деи Капучини. Овие катакомби се формирани во доцниот 16 век кога гробиштата на манастирот Капучин биле преполнети, бидејќи народот дознал дека во овој простор се случува природна мумификација.
Па така, просторот резервиран за високите религиозни лица и ексклузивни резиденти бил многу брзо преполнет како статусен симбол за локалните жители коишто сакале своето место на почивање да им биде баш таму.
Како резултат на ова, подземните гробници сега имаат преку 8.000 тела, распоредени низ разни коридори, еден за религиозни лица, еден за професионалци, еден за деца, а дури има и еден за девици. Телата се изложени како во музеј, целосно облечени и поставени во гротескни положби.
Црквата од коски, Кутна Хора, Чешка
Црквата од коски е мала капела позната под морничавиот декор. Во 1300-те години, монахот од Манастирот Седлец донел света земја од Ерусалим и ја расфрлал низ црковните гробишта.
Оттогаш, сите сакале да бидат закопани на таа света земја. Кога локацијата се преполнила, старите тела морале да бидат откопани за да се направи место за новите тела, а монасите решиле да ги употребат коските од ексхумираните тела. Локалниот чешки дрводелец Франтишек Ринт ја добил задачата да аранжира 40.000 човечки останки на импресивен начин, а тој го направил токму тоа.
(О)Милена | Црнобело