Морничави кукли наместо луѓе, крвав водопад, врата која води кон пеколот - би ги посетиле ли најстрашните места во светот?

Најчесто гледаме прекрасни дестинации кои го одземаат здивот, заборавајќи дека во светот постојат навистина загадочни и бизарни места. Во овие чудни дестинации едноставно сте преплавени со чувството на страв.

Bi-gi-posetile-li-najstrasnite-mesta-vo-svetot-01.jpg

Дали би ги посетиле следниве страшни дестинации низ светот?

Вратата кон пеколот, Дарваза, Туркменистан

Вратата кон пеколот се наоѓа во средината на пустината Каракум во Туркменистан. Местото го добило ова име затоа што се работи за кратер со радиус од 70 метри којшто не престанува да гори.

Во 1971 година советските научници почнале да бушат за да најдат нафта, но не сакајќи погодиле големо наоѓалиште на метан и платформата се срушила внатре во дупката, истовремено ослободувајќи го опасниот гас во воздухот.

Научниците решиле да го изгорат метанот за да спречат истиот да ѝ наштети на околината, па така веќе преку 40 години истиот кратер непрестајно гори.

Bi-gi-posetile-li-najstrasnite-mesta-vo-svetot (3).jpg

Патот на смртта, Боливија

Патот од Ла Паз до Короико во Боливија е најстрашниот пат за возење во светот. Овој пат се протега низ амазонската прашума на висина од 4500 метри, а широк е само 3,6 метри, има само една лента, нема никакви банкини, а видливоста е најчесто многу лоша поради честите дождови и маглата.

Порано, на овој пат се губеле 200 до 300 животи годишно, но сега помалку се користи за возење, а повеќе како патека за авантуристички велосипедизам.

Bi-gi-posetile-li-najstrasnite-mesta-vo-svetot (7).jpg

Нагоро, Јапонија

Нагоро е мало јапонско гратче со една многу уникатна особина. Градот на улиците има голем број на кукли во природна големина коишто го надминуваат бројот на живото население за скоро 100:1.

Куклите се дело на локалецот Тсукими Ајано, којашто започнала да прави реплики на своите соседи коишто починале или се отселиле. Морничавите дупликати на соседите можат да се најдат во најразлични позиции низ целиот град во којшто сега има само 40 живи жители, а преку 350 кукли.

Bi-gi-posetile-li-najstrasnite-mesta-vo-svetot (6).jpg

Ридот на крстовите, Литванија

Луѓето поставуваат крстови на ова северно место во Литванија уште од 14 век, а причините се најразлични. Почнувајќи од средниот век, крстовите биле израз на желба за независноста на Литванија.

Потоа, по селската буна во 1831 година, луѓето почнале да додаваат крстови во знак на починатите бунтовници. Ова место уште еднаш станало знак на отпорот за време на советската окупација од 1944 до 1991 година.

Ридот бил уништуван три пати со булдожери од страна на советите, но луѓето секој пат го обновувале. Денес ридот има преку 100.000 крстови.

Bi-gi-posetile-li-najstrasnite-mesta-vo-svetot (5).jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg