10 фотографии кои го променија лицето на светот
Јужен Виетнам, 8 јуни 1972 година
Оваа фотографија на деветгодишната Kim Phuc не може лесно да се заборави. Жртвата на случајното напалмско бомбардирање на цивили, кои го напуштија селото Транг Бенг, ги поттикнаа прашањата кои ја откриваат ужасната болка и катастрофалното лично влијание на војната врз цивилите.
Преплашената девојка ги преживеа повредите, а подоцна во нејзино име е основана фондација за медицинска и психолошка помош за децата жртви на војната.
Тјенанмен, 1989 година
Кинеските власти во 1989 година испратија тенкови во Тјенанмен за брутално да се пресметаат со работниците и учениците кои протестираа. Меѓутоа, еден човек излезе пред тенковите, а фотографијата на Џеф Вајденер го овековечи овој момент.
Човек на Месечината, 20 јули 1969 година
Фотографијата на првиот човек на Месечината е една од најпознатите фотографии на сите времиња, а на сликата се наоѓа Нил Армстронг.
Иако постојат многу теории дека ова всушност никогаш не се случило и дека целата мисија е изрежирана од страна на Кјубрик или некој друг, оваа фотографија стана безвременска.
Судан, 1994 година
Фотографија која освои Пулицерова награда прикажува мршојадец кој чека да се нахрани со детето во Судан. Сликата ја сумираше суровоста на гладта во Судан.
Првата фотографија снимена со ендоскоп, 1965 година
„How Life Begins“ е прва фотографија снимена со ендоскоп. Иако технички не се работи за фотографија, ова е прва слика која го покажа процесот на создавањето на човекот.
Ашера | Црнобело