10 фотографии кои го променија лицето на светот
Низ историјата бевме сведоци на многу настани прикажани низ фотографии, кои зборувале посилно од секој измислен збор. Некои од нив ја имаа моќта да ја променат свеста на луѓето и да ги поттикнат промените во општеството. Некои од нив сведочат за големите достигнувања на човекот, додека некои од нив зад себе кријат страшни и трагични приказни.
Фотографијата е моќен медиум, а ова се 10 фотографии кои го променија лицето на светот:
Ленин, 5 мај 1920 година
Ленин и се обрати на масата за време на Граѓанската војна во Русија во 1920 година. Болшевиците се издигнаа како контролна сила во Русија, што доведе до тоталитаризам на сталинистичката Русија.
Од оваа позната историска фотографија е избришан Леон Троцки од страна на цензорите на Сталин, за да се избрише од официјалната историја на Русија.
Мухамед Али, 25 мај 1965 година
Кога Али (тогаш познат како Касиус Клеј) прв пат го порази шампионот Листон, во февруари 1964 година, гледачите беа шокирани. А кога Клеј го промени името во Мухамед Али, го привлече вниманието на целиот свет.
До 1970-тите години, Али беше едно од најпознатите лица на планетата.
Енола Геј, 6 август 1945 година
Сликана од авионот кој ја испушти првата атомска бомба, оваа фотографија на огромниот облак од прашина, која се издигна над Хирошима во рок од неколку минути по детонацијата, му покажа на светот колку сурова може да биде војната и омразата.
Објавена на 11 август во американскиот печат, фотографијата на Карон ја покажа моќта на современата воена технологија и го подготви светот за други, поразителни снимки.
Аполо 8, 24 декември 1968 година
Ова е една од првите слики на Земјата сликана за време на мисијата на Аполо 8. Сликата беше распространета низ целиот свет, дозволувајќи им на луѓето да ја видат планетата на начин на кој претходните генерации можеа само да сонуваат.
Нелсон Мендела, 11 февруари 1990 година
Кога Нелсон Мандела излезе од затвор, после 27 години, тој со себе носеше големи надежи за мнозинството на Јужноафриканци, но и стравови од оние кои го поддржуваа владеењето на белото малцинство.
За многумина, оваа слика на Мандела, со крената десна тупаница, го симболизира почетокот на крајот на апартхејдот.