10 сигурни знаци дека конечно си го враќате животот под контрола

Дали ги „влечете“ конците на сопствениот живот или дозволувате некој друг да ве управува како кукла? Доколку сметате дека подолго време не сте господар на сопствениот живот, можеби е време конечно да преземете нешто.

10-sigurni-znaci-deka-konecno-si-go-vrakjate-zivotot-pod-kontrola-01.jpg

За среќа, ваквите фази не траат премногу долго и не заборавајте - вие и само вие сте креатор на сопствената „судбина“. 

Доколку се препознавате во добар дел од следните знаци, на сигурен пат сте да се вратите во нормален колосек на дејствување и делување:

Не трошите повеќе време на неважни работи

Како на пример, негативните коментари на луѓето. Или пораките од поранешниот партнер. Или фотки од напорни луѓе на социјалните мрежи до кои навистина не ви е дојдено. Бриши, бриши, бриши.

Имате наплив на позитивна енергија

И чувствувате дека животот е убав. Дека е краток да се сфати премногу сериозно, но истовремено премногу долг да се третира крајно несериозно. Па полека го пронаоѓате балансот помеѓу двете откровенија.

Не размислувате повеќе за поранешниот партнер

Што ќе беше доколку беше… која е поентата на сето ова? Тој очигледно продолжил со својот живот, а време е и вие да го сторите истото. Времето дефинитивно ги лекува сите рани. Не тапкајте во место, придвижете се кон нови луѓе, нови искуства и авантури. Заслужувате повеќе и многу подобро.

Ви се допаѓа некој друг

После долго време, конечно имате некого во животот чие присуство ви развлекува насмевка на лицето. Багажот од минатото го оставате токму таму, наместо да го влечете на грбот како излишен товар во секоја нова врска. Љубов имало и ќе има. Никој не останал сам на светот, нема ниту вие.

Уживате во времето сами

Да, можно е да ви се допаѓа некој и подеднакво да ви се допаѓа времето кое го поминувате сами со себе. Доколку сакате да бидете одлично друштво за некого, прво мора да бидете одлично друштво за себеси.

Полека почнавте да се присетувате во кои работи уживавте порано… и сега ги правите повторно. Доколку вашето хоби или интереси на некого му звучат необично или смешно - тоа е негов проблем.

Се чувствувате независно

Добре дојдовте во реалниот свет. Најубавото чувство во него е кога можеш да се потпреш самиот на себе, да си ги решиш проблемите и да научиш како да се исплачеш кога ти е најтешко, а да станеш уште посилна утредента.

Имате нови соништа

Кој вели дека 33 години се премногу доцна да се направи промена во кариерата? Или да пројавите нов интерес кон нешто сосема неочекувано? Доколку имате желба и талент, грабнете од соништата колку што е можно повеќе додека не ги претворите во реалност.

Ги игнорирате негативните коментари од околината

Во врска со тежината. Изгледот. Љубовниот статус. Финансиите. Фактот што премногу излегувате или пак ретко излегувате од дома. Списокот е бесконечно долг.

Не можете да им угодите на луѓето, макар вие биле најдобрите на светот. Секогаш ќе има незадоволни, но најважно е да биде задоволно лицето кое го гледате во огледалото секое утро.

Се фокусирате на проблемот, наместо на последиците

Откако нешто тргнало наопаку, доцна е да се плаче за последиците. Наместо тоа, решавате да откриете како настанал проблемот и што може да направите за да не ви се повтори истата грешка. Она што не ве убива, ве прави само посилни.

Се смеете на лошото минато

Зошто би го избришале? Зошто, пак, да го мразите минатото? Наместо тоа, можете едноставно да се насмеете и да си направите шега со која ќе ја пополните дупката во разговорите кога никој нема идеја што да каже. Здраво е да се прават шеги на сопствената сметка, бидете едни од тие луѓе.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg