Совети кои сите ги знаат, но не ги применуваат - Како да се справите со бесот?
Сите се лутиме понекогаш, а чувството на бес ни е многу познато чувство. Точно е дека гневот е дел од нашата состојба, но го класифицираме како не-конструктивна емоција.
Ова не е точно, бидејќи постојат различни видови на гнев. Лутината може да биде позитивен мотиватор кој може да ги охрабри луѓето. Токму гневот доведе до еманципација на жените, што предизвика движење за граѓански права и разни други движења. Важно е да правиме разлика помеѓу позитивниот и негативниот гнев.
Негативниот гнев се прикажува како беснило или омраза. Овој тип на гнев тешко може да се контролира, а се манифестира на различни начини. Доколку имате многу негативен бес во себе, тогаш веројатно верувате дека сите луѓе се против вас.
Други знаци кои укажуваат на овој вид на гнев се создавање на строги правила за тоа како некој треба да живее и слично. Сигналите за опасност се состојат од забрзување на срцебиењето и мускулната вкочанетост во вратот и рамената.
За да го победите овој бес, треба да бидете решени да го промените вашиот поглед на светот. Како и со секоја емоција, со бесот владее нашиот систем на верувања и однесувања.
Мислете на другите луѓе, наместо постојано да размислувате за себе. Запрашајте се каква личност сакате да бидете? Дали сакате да бидете весели, задоволни, успешни и психолошки стабилни личности?
Таквите луѓе се природно отворени и толерантни кон другите. Психолошки здравите луѓе имаат здрав пристап кон животот. Разбирањето на бесот е лесно, но менувањето на истиот бара самодисциплина и силна волја.
5 кратки совети за смирување на бесот:
1. Размислете пред да зборувате
Често ги кажуваме работите кои не ги мислиме, за подоцна да зажалиме. Соберете ги вашите мисли пред да кажете нешто. Дозволете им и на другите вклучени во ситуацијата да го сторат истото.
2. Откако ќе бидете смирени, искажете го својот гнев
Штом ќе размислите јасно, искажете ја вашата фрустрација на асертивен начин. Наведете ја вашата загриженост јасно и директно, без да ги повредувате другите луѓе.
3. Вежбајте
Физичката активност помага при намалување на стресот. Ако сметате дека вашиот гнев ќе ескалира вежбајте или трчајте.
4. Земете пауза
Земајте кратки паузи во текот на денот.
5. Користете хумор за ослободување на тензијата
Користете го хуморот за да ви помогне да се соочите со работите кои ви предизвикуваат бес.
Ашера | Црнобело