Кој е Јохан Адам Вајсхаупт, човекот кој ги основал Илуминатите?
Илуминатите биле тајно друштво основано во Германија во 18-от век.
Сите ги знаеме по нивната озлогласена репутација во популарната култура, која е поврзана со бројни теории на заговор, вклучувајќи ги важните историски настани и Новиот светски поредок.
Покрај тоа, Илуминатите служеле како инспирација за многу фиктивни дела, што дополнително придонесе за креирањето на нивната лоша репутација. Оригиналните Илуминати, за среќа или несреќа на љубопитните луѓе, многу се разликувале од она што денес го тврдат теоретичари на заговори.
Кон крајот на 17-от век постоело движење на интелектуалци, денес познато како „Просветителство“. Нивната цел била да го унапреди човештвото преку научни методи и разум, спротивно на концептите на традицијата и религијата.
Во 1776 година во Баварија, германскиот филозоф Јохан Адам Вајсхаупт го основал тајното друштво наречено „Редот на Илуминатите".
После само неколку години претставниците на новиот владетел Чарлс Теодор се инфилтрирале во редот, по што истиот стана забранет, како и некои други тајни редови, бидејќи биле „закана на монархијата“. Во тоа време Илуминатите имале повеќе од две илјади членови низ цела Европа.
Токму поради оваа приказна теоретичари на заговори сметаат дека Илуминатите никогаш не исчезнале и дека се активни и денес.
Првично, Вајсхаупт имал намера да му се приклучи на редот на масоните, тајното друштво чии членови ги споделувале вредностите на просветителството.
Иако не е јасно зошто не им се приклучил, се шпекулира дека или немал доволно парични средства или дека бил разочаран од идеите на масоните. Инспириран од нивните ритуали и организациска структура го започна сопствениот ред - Илуминати.
Нивната мисија била „да се спротивстават на религиското влијание врз општеството и злоупотребата на власта од страна на државата, преку обезбедување простор за критика, дебата и слобода".
Првиот состанок го прават на 1 мај, 1776 година во шума, во близина на Инголштад. На оваа средба биле вклучени пет најталентирани студенти на право, за потоа редот да почне да се шири со нови членови, најчесто студенти. Еден од условите за прием на кандидатот бил истиот да има помалку од триесет години.
Илуминатите брзо се прошириле во наредните години. До 1782 година, ова тајно друштво броело околу 600 членови, а две години подоцна околу 3000. Членовите доаѓале од цела Европа, (Франција, Италија, Полска, Унгарија). Додека првите членови на Илуминатите биле студенти, како што друштвото почна да се шири, во истото влегувале и благородници, политичари, интелектуалци, лекари и писатели.
Токму оваа успешна експанзија придонесе за нивното пропаѓање. Во 1784 година, еден од поранешните членови напишал писмо кое го испратил до војвотката на Баварија, откривајќи ги активностите на Илуминатите.
Едното обвиненије против членовите бил заговорот со Австрија против Баварија, поради што Илуминатите станале закана за државата. Во 1787 година тајното друштво станало нелегално, а за членството била наменета и смртна казна, а Вајсхаупт бил протеран од Баварија. До крајот на животот живеел во Гота во Саксонија, каде што предавал филозофија на универзитетот Гетинген.
Илуминатите често се поврзуваат со симбол на пирамида со око, кое се наоѓа и на банкнотата на американскиот долар. Во основа, ова никогаш не бил симболот на Илуминатите. Нивниот службен симбол бил Бувот на Минерва. Зошто токму пирамидата се поврзува со нив, никој не може да каже за сигурно.
Ашера | Црнобело