Не чекајте да ви платат сметка: Бонтон правила кои не ги почитуваат само некултурните, иако добро ги знаат

Постојат некои основни бонтон правила кои сите ги знаеме, а сепак има такви кои одбиваат да ги почитуваат.

ne-chekajte-da-vi-platat-smetka-bonton-pravila-koi-ne-gi-pochituvaat-samo-nekulturnite-iako-dobro-gi-znaat-01.jpg

Доколку сакате да „преживеете“ во општеството и во секојдневните ситуации, да имате пријатели, а не непријатели, да оставите добар впечаток каде и да се појавите, важно е да се водите по некои основни правила кои никогаш не смее да ги прекршите.

Има бесконечно многу бонтон правила за културно однесување, но секако, никој не наложува дека мора баш сите да се почитуваат.

Затоа, одвојуваме листа со најосновните, кои не ги почитуваат само некултурните луѓе:

Давајте им шанса на луѓето да ја кажат својата страна и да се одбранат

Треба добро да знаете не е во ред да зборувате лошо за луѓето пред да ја слушнете нивната страна од приказната и без да добијат шанса да се оправдаат.

ne-chekajte-da-vi-platat-smetka-bonton-pravila-koi-ne-gi-pochituvaat-samo-nekulturnite-iako-dobro-gi-znaat-02.jpg

5 основни теми кои треба да ги избегнувате:

Религија, политика, здравје, возраст и финансии – ова се темите кои никогаш не треба да ги спомнувате и да разговарате за нив, посебно не со луѓе кои не ви се блиски.

Не ги ставајте луѓето во непријатна ситуација да мора да зборуваат за нешто што е лично и не е од ваш интерес.

ne-chekajte-da-vi-platat-smetka-bonton-pravila-koi-ne-gi-pochituvaat-samo-nekulturnite-iako-dobro-gi-znaat-03.jpg

Не чекајте другите да ви ја платат сметката

Ако поканите некој на ручек, не треба да очекувате да ве честат, туку вие треба да ја платите сметката.

Никогаш немојте да се потпирате на тоа дека одите со некој кој сигурно ќе сака да ја плати сметката – независно каква е ситуацијата, секогаш е културно да се понудите да платите.

Ако некој вас ве покани на ручек, прифатете ја поканата само ако знаете дека ќе можете сами да си платите, дури и ако потајно сте свесни дека нема да мора.

ne-chekajte-da-vi-platat-smetka-bonton-pravila-koi-ne-gi-pochituvaat-samo-nekulturnite-iako-dobro-gi-znaat-04.jpg

Најавете се пред да одите кај некого на гости

Ако сакате да посетите некого, независно колку ви е близок, задолжително прво јавете се. Не е добро да се појавите на врата на некој кој воопшто не ве очекувал и си го замислувал текот на денот на сосема поинаков начин или не е подготвен за гости.

ne-chekajte-da-vi-platat-smetka-bonton-pravila-koi-ne-gi-pochituvaat-samo-nekulturnite-iako-dobro-gi-znaat-05.jpg

Не постои нешто такво како „доцнење со стил“

Никој не сака да чека луѓе кои „хронично доцнат“. Не се тешете со фрази како оние дека ѕвездите доаѓаат последни, ниту пак, дека сте фини што им оставате простор на домаќините да се подготват.

ne-chekajte-da-vi-platat-smetka-bonton-pravila-koi-ne-gi-pochituvaat-samo-nekulturnite-iako-dobro-gi-znaat-06.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg