Не чекајте да ви платат сметка: Бонтон правила кои не ги почитуваат само некултурните, иако добро ги знаат
Бидете гостин кој секој домаќин го посакува
Кога некој ќе ве покани на гости, културно е да однесете симболичен подарок, независно дали ќе биде цвеќе, благо или пијалак.
Дури и кога домаќинот не бара или не прифаќа подарок, сепак може да однесете нешто симболично.
Понудете се и да му помогнете на домаќинот во поставувањето или раскревањето, но не претерувајте, ако еднаш ве одбие, почитувајте ја неговата желба, сепак сте само гостин.
Бидете комуникативни со сите
Ако сте излезени на јавно место со некого, не го поминувајте времето на телефон, оставете го свртен наопаку и бидете комуникативни.
Доколку мора да се јавите или да вратите на порака/мејл, извинете се и обидете се тоа да биде кратко, а не да влегувате во онлајн дебати.
Запомнувајте ги имињата на луѓето
На сите им е тешко да ги запомнат имињата при запознавање, но обидете да вложите малку труд и да се заинтересирате за туѓото име.
Доколку не може да се сетите на нечие име, подобро не се обидувајте да погодувате бидејќи може да го навредите, а давањето прекари затоа што не можете да ги запомните е исто така некултурно.
Бидете пример за другите
Независно за што се работи, секогаш треба да се трудите да оставате добар пример кај другите и да ви се восхитуваат на однесувањето и манирите.
Доколку одите на средба со луѓе од друга култура, добро е да ги знаете и нивните обичаи и правила, па да ги испочитувате.
M. M. | Црнобело