Сам значи осамен, болката секогаш се гледа: 8 лаги во кои веруваме цел живот

Во животот се среќаваме со низа идеи за тоа што би требало да биде добро, а што не. Работите што ги слушаме често автоматски ги прифаќаме како вистини.

sam-znaci-osamen-bolkata-sekogas-se-gleda-8-lagi-vo-koi-veruvame-cel-zivot-01.png

Ова се 8 лаги кои ве мачат со години:

Лага број 1: Сам значи осамен

Сам не значи нужно и осамен, а да се биде во врска не значи нужно да се биде среќен. Самотијата никогаш нема да предизвика толкава осаменост како погрешната врска.

Лага број 2: Среќата доаѓа кога имате сé што сакате

Да се биде среќен не значи дека не треба да посакувате повеќе, среќа е благодарност за работите што ги имаме. Понекогаш сме толку преокупирани во обид да постигнеме нешто големо што не ги забележуваме малите нешта кои го прават животот магичен.

Лага број 3: Болката е нешто што секогаш може да се види

Никогаш не ја потценувајте болката на некоја личност, бидејќи сите се борат. Некои луѓе едноставно подобро го кријат тоа, но не можете да знаете што се случува зад затворени врати.

Лага број 4: Животот треба да функционира на одреден начин

Нашите мисли можат да не повредат најмногу. Не размислувајте за тоа како треба да изгледа вашиот живот. Променете го она што можете да го промените.

sam-znaci-osamen-bolkata-sekogas-se-gleda-8-lagi-vo-koi-veruvame-cel-zivot-02.jpg

Лага број 5: Треба да функционирате на одреден начин

Кога ќе престанете да се споредувате со другите верзии на себе, вистински или замислени, кога ќе престанете да се споредувате со другите луѓе, вистински или замислени, тогаш ќе постигнете мир, вистински, не замислен.

Лага број 6: Само неколку привилегирани луѓе можат да живеат прекрасен живот

Научите да ги сакате и цените убавите моменти во животот и луѓето кои ве исполнуваат. Среќата е индивидуална и не може да се дефинира, а не треба ни да се генерализира.

Лага број 7: Тешките времиња се непотребни

Понекогаш работите мора да бидат лоши пред да можат да бидат добри. Понекогаш треба да ги пуштите погрешните луѓе во своето срце, пред да дојдат вистинските. Понекогаш треба да се чувствувате слаби за да знаете како да бидете силни.

Лага број 8: Да се ​​биде силен значи да не чувствуваш болка

Во реалноста, најсилните луѓе се оние кои чувствуваат болка, кои ја прифаќаат и учат од неа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg