Валканите игри на умот: Опсесивни мисли и како да се справите?
Опсесивните мисли се ментална игра во која многумина од нас учествуваат.
Што реков, што направив, зошто постапив така - кога ќе почнете прекумерно да анализирате лесно ќе паднете во јамката. Може да се обидете да го замолчите умот, но мислите се јавуваат повторно и повторно, а тоа во голема мера ќе влијае на нашето расположение и на нашиот живот во целост.
Што ги предизвикува опсесивните мисли?
Опсесивното размислување е неспособност за преземање контрола врз вознемирувачки мисли кои постојано се појавуваат. Процесот може да ве одвлече од моменталните активности и сосема да ве проголта.
Опсесивните мисли и слики се комплексна мрежа од чувства, сензации и бихејвиористички рутини. Истите може да се појават само еднаш, а може и да ги доживувате во епизоди.
Во суштина тоа значи дека вашите мисли може да го нарушат вашиот живот повеќе отколку што ќе мислите.
Како да се запрат опсесивните мисли?
Препознајте ја и идентификувајте ја шемата
Заглавеноста во шемата на размислување брзо ја црпи енергијата. Ако не ги запрете мислите веднаш штом почнат да надоаѓаат, лесно ќе ве фрлат во негативен циклус и ќе ве направат опсесивни.
Следниот пат кога ќе станете свесни дека мислите ве напаѓаат, обидете се да земете здив, да размислите за ситуацијата и да откриете зошто се појавуваат овие мисли.
Треба да дојдете до коренот на проблемот и да ја идентификувате главната причина поради која се чувствувате вознемирени.
Одвлечете ги мислите
Кога не можете да престанете да се грижите за одредена ситуација, најдобрата работа што може да ја направите е да си го одвлечете вниманието. Повикајте пријател или некој од семејството да ви помогнат да помислите на нешто друго, погледнете филм, одете на прошетка, повежбајте или исчистете го вашиот дом.
Физичката активност ќе го пробие циклусот на мислата.
Бидете љубезни кон себеси
Сите ние сакаме да имаме опсесивни мисли, но истите да се во позитивен контекст. Сепак, најчесто се случува токму спротивното. Нашиот ум создава страшни сценарија како одбранбен механизам од ризични и непријатни ситуации.
Ова е причината зошто аплицирањето за нова работа или едноставно раѓање на ново пријателство може да изгледа како крај на светот. Без оглед на ситуацијата што ја доживувате, запомнете да бидете љубезни кон себе и вашите мисли.
На крајот од денот, вашите мисли се само мисли, и тие не се секогаш точни.
Разговарајте со терапевт
Ако мислите дека вашите опсесивни мисли се надвор од контрола и барем за момент почувствувате дека ви е потребна помош, обратете се кај стручно лице. Опсесивното размислување може да се стави под контрола со вежби, а психотерапијата воопшто не треба да се доживува како нешто срамно.
Најдете мир
Речиси е невозможно да се заштитите од опсесивните мисли кога се околу нас е вистински хаос. Но, иако можеби немате способност да контролирате сè во вашиот живот, можете да контролирате како се чувствувате и размислувате.
Бидете поприсутни во сегашниот момент така што ќе обрнете внимание на околината - ова е едноставна вежба каде внимателно набљудувате што се случува околу вас, со цел да заборавите на минатото и иднината.
A. Ш. | Црнобело