Жена си го бојадисува кучето розово и третман ја чини 130 евра (фото)
„Моето куче е фабулозно како и јас, па затоа добива таков третман“, открива хип-хоп изведувачката.
Хип-хоп изведувачката Гвенејса Лилард (28) од Тексас своето 5-годишно куче редовно го бојадисува во различна нијанса на розово.
Кучето стана сензација затоа што се појавува во нејзините музички спотови, но е забележително и по улиците.
Но, заштитниците на правата за животните овој третман го прогласуваат за тортура.
Сепак, Гвенејса вели дека како што си ја средува својата коса секоја седмица, така прави и со крзното на нејзиното куче и тука не гледа ништо лошо. Tретманот за бојадисување на нејзиното куче ја чини 130 евра.
Што мислите вие за овој бизарен потег?
С. С. | Црнобело