Чудни емоции кои ги имате почувствувано, но не сте знаеле што се

Дали некогаш сте имале некое чувство или претчувство за кое не знаете од каде дошло и што сакало да ви каже?

chudni-emocii-koi-gi-imate-pochuvstvuvano-no-ne-ste-znaele-shto-se-01.jpg

Тоа не ви се случува само вас и има навистина логични објаснувања.

Проверете дали некогаш сте почувствувале некои од овие емоции:

Опија

Ова е емоцијата која се појавува при првата интеракција, односно контакт со очите кој го воспоставувате со некого. Во тој случај има две интерпретации - чувствувате непријатност ако личноста не ви се допаѓа или ви е убаво ако личноста ви се допаѓа.

Дежа ву

Овој феномен нема потреба многу да се објаснува, бидејќи ретко кој го нема почувствувано. Освен впечатокот дека веќе сте биле во истата ситуација, голема улога игра и емоцијата која се појавува. Но, ова воопшто не е ретко, бидејќи најмалку 75% од луѓето искусуваат дежа ву и по неколкупати годишно.

chudni-emocii-koi-gi-imate-pochuvstvuvano-no-ne-ste-znaele-shto-se-02.jpg

Елипсизам

Овој термин се дава на емоцијата која се појавува како последица на тагата поради тоа што нема да дочекате да видите нешто. На пример, ова им се случува на повозрасни луѓе кои добиваат внуче и добро знаат дека нема да го дочекаат да го видат како возрасна личност.

Крисализам

Со овој термин се опишува емоцијата на безбедност и топлина кои ги чувствувате додека сте дома, а надвор врне или се случува неповолна временска појава.

Адронитис

Појавата на фрустрација кога запознавате нова личност која ви е интересна, но сфаќате дека треба да се вложи доста време за да сфатите дали може да имате блиска врска со неа.

chudni-emocii-koi-gi-imate-pochuvstvuvano-no-ne-ste-znaele-shto-se-03.jpg

Либероза

Оваа емоција се појавува кај возрасните луѓе кои се презафатени со дневните обврски и работата, а со тоа и со многу одговорности. Либероза е нивното чувство што се појавува кога мислат на безгрижноста на своето детство.

Џуска

Иако овој термин нè потсетува на нешто друго, кога се емоциите во прашање се работи за хипотетичкиот разговор кој во глава го водиме со друга личност, а победник во тој разговор сте вие самите.

Ексуланса

Ова е чувството на фрустрација што се појавува кога зборувате за нешто важно, но другите не ја разбираат важноста и вие се откажувате од објаснување.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg