6 брилијантни нешта кои луѓето со емоционална интелигенција ги прават под притисок

Ако сте личност која може да се пофали со емоционална интелигенција, тогаш веројатно можете да се справите со многу нешта, во различни животни ситуации.

6-brilijantni-neshta-koi-lugjeto-so-emocionalna-inteligencija-gi-pravat-pod-pritisok-01.jpg

Емоционалната интелигенција може да ви помогне да успеете на работа многу подобро отколку вашите технички вештини, а и фирмите сè почесто ангажираат психолози кои ги профилираат кандидатите за време на интервјуто.

Високата емоционална интелигенција некогаш може да ви донесе предност пред другите, не само на работа, туку и во меѓусебните односи, склопувањето пријателства и хармонијата во семејството.

Лицата со висока емоционална интелигенција се способни за овие шест брилијантни нешта:

Тие имаат одговор наместо реакција

Додека едни реагираат со дефанзива, емоционално интелигентните луѓе имаат соодветен одговор на дадената ситуација. Најчесто се доста посмирени и немаат импулсивни реакции.

Се покажуваат во вистинско светло

Тие никогаш нема да одглумат, ниту да стават маска на лицето. Кога се соочуваат со тешка и комплицирана ситуација, тогаш се најавтентични и најтранспарентни.

6-brilijantni-neshta-koi-lugjeto-so-emocionalna-inteligencija-gi-pravat-pod-pritisok-02.jpg

Размислуваат пред да кажат

Тие имаат самоконтрола врз емоциите и се водат по правилото на шест секунди пауза пред инстинктивно да вратат на нешто. Дури и ког на другите им горат главите, овие луѓе успеваат да ги смират нештата.

Полесно се носат со комплицирани ситуации

Кога ќе загусти, овие луѓе умеат со ладна глава да ја поминат целата ситуација и да не дозволат таа да остави последици врз нив.

6-brilijantni-neshta-koi-lugjeto-so-emocionalna-inteligencija-gi-pravat-pod-pritisok-03.jpg

Имаат изразена самоконтрола

Луѓето кои имаат контрола врз своите емоции најчесто се најбезбедни кога наоколу се случува драма, а успеваат и да бидат продуктивни и да научат нешто ново од ситуацијата.

Умеат да ја гледаат целосната слика

Овие луѓе функционираат со високо нивно на самосвесност и умеат да ги гледаат сите страни на приказната. Затоа и лесно можат да го предвидат исходот со голема прецизност, без разлика дали се работи за работа, врска, семејни односи или пријателства.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg