Несреќни сте? Токсични однесувања на кои треба да им кажете збогум во 2019 година

Ја испративме 2018 година, ја дочекавме 2019, а таа носи нови предизвици и препреки со себе. Пред да го изгубиме разумот и себеси, добро е да размислиме на какви утврдени шаблони на однесување би можеле да им кажеме збогум во оваа година.

Toksicni-odnesuvanja-na-koi-treba-da-im-kazete-zbogum-vo-2019-01.jpg

Со малку среќа можеби засекогаш ќе го избришеме од нашите животи. Еве кое однесување треба да го практикуваме во 2019 година:

Престанете да им удоволувате на луѓето

Не, нема да им се допаднете на сите. Неразумно и нелогично е сите да ве сакаат, сите да ве почитуваат и со сите да сте во добри односи.

Не се казнувајте себеси

Сте ја прекршиле диетата, сте направиле грешка на работното место, сте задоцниле некаде, сте изгубиле или скршиле некаков предмет, сте ја загубиле контролата над нештата. Луѓе сме и сите правиме грешки. Тоа е животот и тоа нè прави човечни.

Не се споредувајте со другите

Ви се случило ли да изгубите часови и часови во детална анализа на профилите на познати и непознати лица на социјалните мрежи и секогаш да завршите со констатацијата: сите имаат подобар живот од мојот?

Немаат. Имаат само подобар начин на маскирање на реалноста. Сите имаат грижи и сите имаат проблеми. И сè во свое време. Не можеме сите да бидеме исти и да се обликуваме како од калап.

Откажете се од бесцелните изговори

Не знам, не можам, не сум сигурен, не сум доволно убава, не сум згодна… колку од овие изговори ги употребувате секојдневно? Нова година, ново живото поглавје. Не можам е всушност не сакам, со машничка.

Игнорирајте ги злобните мислења

Кога некој упатува конструктивна и добронамерна критика, секако е за пофалба. Сепак, битен е начинот на искажување. Но, кога чувствувате како постојано фрлаат отровни стрели во вашиот правец и сите критики се едноставни поттикнати од злоба и љубомора, игнорирајте ги. Не се достојни за вашето време и внимание.

Toksicni-odnesuvanja-na-koi-treba-da-im-kazete-zbogum-vo-2019-02.jpg

Не се извинувајте беспотребно

Извини е најтешкиот збор за кажување… или не е? Кажувајте го само доколку вистински чувствувате и кога има вистинска причина за извинување. Доколку знаете дека не сте погрешиле ништо, не подгазувајте си го достоинството и не се помирувајте се со изговорите за „мир во куќата“ или „попаметниот попушта“.

Елиминирајте ја лошата храна

Не мора да се храните премногу здраво по секоја цена, но обидете се да ги елиминирате пржените работи, вишокот непотребни грицки и слатки производи. Ќе се почувствувате подобро и поубаво, без оглед на бројот на килограмите.

Направете ред во хаотичните утра

Обидете се да се разбудите 10 минути порано. Подгответе ја облеката која планирате да ја носите на работа уште од вечерта или пак сендвичот или салатата кои планирате да ги изедете. Испијте шолја чај, медитирајте. Внесете живост во вашата утринска рутина, ќе забележите колку денот ќе ви биде подобар.

Ослободете се од вишокот работи

Сè што е скршено и неупотребливо исфрлете го од домот. Сè што ви е смалено, вишок, не го носите или употребувате повеќе донирајте го. Колку повеќе материјални работи–толку повеќе хаос, неред и натрупани негативни емоции.

Работете на намалување на стресот

Модерното време нè прави нервозни и нè води на работ на анксиозноста, но не смеете да го дозволите тоа. Доколку се прашувате како е можно секојдневно да ја одржувате мотивацијата и енергијата на високо ниво, одговорот е – со упорност и повторување. Со вежбање.

Како ја одржувате хигиената на телото? Со редовно туширање. Менталната хигиена се постигнува на истиот начин, со упорно и репетитивно однесување.

Toksicni-odnesuvanja-na-koi-treba-da-im-kazete-zbogum-vo-2019-03.jpg

Поставете приоритети

Запрашајте се – што ви е најважно во животот? Кариерата, домот, семејството, љубовта, патувањата, дружбата? Кога ќе ги поставите приоритетите на врвот, многу полесно ќе може да ги остварувате целите. Не губете време на небитни работи, непотребно ви ја трошат енергијата која треба да ја зачувате за паметни нешта.

Престанете да се вклопувате секаде

До кога планирате да го обликувате сопствениот карактер и однесување според она што мислите дека го бараат другите? Наместо да исполнувате туѓи очекувања, започнете со исполнувањето на своите.

Намалете со дремење на социјалните мрежи

Губиме и до 4 часа дневно поради скролањето по социјалните медиуми, а на крајот од денот тоа е целосно изгубено време, вкочанет врат и затапен мозок. Заменете ја оваа рутина со нешто полезно и покреативно. Ограничете си го времето кое го поминувате на интернет и држете се подалеку од паметниот телефон додека сте дома.

Фокусирајте се на напредување, наместо на совршенство

Никој не е совршен. И сите фотки коишто ги гледаме секојдневно се една голема илузија, фотошопирани и дотерани, скроени со една единствена цел – да копнееме по нешто што не е реално.

Па оваа година фокусирајте се да напредувате, макар полека, макар по половина чекор секој ден. бидете вистински, не совршени.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg