Што може да се купи во различни земји наместо цигари ако не пушите 1 година?
Зависноста од пушењето цигари, освен што влијае штетно на здравјето, влијае и на финансиите.
Колку пати сте слушале од оние кои ве убедуваат да ги откажете цигарите, дека на годишно ниво се заштедува многу ако престанете да ги купувате.
Сепак, многумина пушачи, иако можеби се свесни, не ги перципираат работите така, но доколку размислите подлабоко и направите споредба, можеби и ќе се предомислите.
Во продолжение, ќе ви помогнеме да сфатите што конкретно значат овие загуби според едно истражување, и што би можеле да имате доколку сумата која ја трошите на цигари ја потрошите за нешто друго.
Критериуми според кои се направени пресметките:
- Просечна вредност на кутија цигари со повисок квалитет во различни земји
- Купување една кутија цигари на неделно ниво, цела година (а во реалноста свесни сте дека се купува многу повеќе, па сами направете споредба...)
- Цените се пресметани во долари
Со што би можеле да ги заменат цигарите луѓето од различни земји низ светот, според вредноста на истите на годишно ниво?
Русија: 2.09 долари од кутија
Цена на кутии цигари на годишно ниво: 108 долари
Бразил: 2.45 долари од кутија
Цена на кутии цигари на годишно ниво: 127 долари
Мексико: 2.60 долари од кутија
Цена на кутии цигари на годишно ниво: 135 долари
Полска: 4.30 долари од кутија
Цена на кутии цигари на годишно ниво: 223 долари
Шпанија: 5.78 долари долари
Цена на кутии цигари на годишно ниво: 300 долари