7 работи кои треба да си ги кажете себеси кога се чувствувате депресивно

Понекогаш емоционалната болка прави да мислите дека е крај на светот и дека никогаш нема да биде подобро, но ќе биде.

9-raboti-koi-treba-da-si-gi-kazhete-sebesi-koga-se-chuvstvuvate-depresivno-01.jpg

Можеби срцето ви е скршено. Можеби некој ве изневерил, оставил или можеби сте ја изгубиле работата. Можеби доживеавте некоја траума или едноставно соништата не ви се исполнуваат.

Без разлика што и да ви се случило, запомнете дека сè уште се имате себеси, дека вредите и дека ќе биде подобро.

Кога чувствувате дека сите бродови ви потонале кажете си:

„Јас сум важен/а,“

Чувствувате дека никој не ве разбира и никому не му е грижа. Не е вистина, вие сте важни, иако во моментот не го гледате тоа.

„Јас значам.“

Можеби сте само една личност, но вашето постоење значи. Значите за луѓето околу себе. Значите за универзумот.

„Еден ден сè ќе профункционира.“

На најнеочекуван начин во најнеочекуван тајминг работите ќе се свртат на добро.

„Работите ќе бидат добри.“

Понекогаш емоционалната болка прави да мислите дека е крај на светот и дека никогаш нема да биде подобро, но ќе биде.

9-raboti-koi-treba-da-si-gi-kazhete-sebesi-koga-se-chuvstvuvate-depresivno-02.jpg

„Ова е добро време.“

Вистинското време и вистинската можност никогаш нема да дојдат. Одлучете се да делувате, излезете од комфорната зона и правете ги работите што ги сакате.

„Има крај на страдањето.“

Вашата внатрешна сила и поддршката од семејството и пријателите ќе направи да дојде крај на лошите работи и на страдањето.

„Јас сум силен/а и моќен/а.“

Да, иако не мислите во моментот така, вие имате внатрешна сила за која не знаете. Погледнете во себе и зграбете ги работите во свои раце.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
8 работи по кои сите „лудувавме“ пред 10 години (а веќе ги заборавивме) Сите околу нас имаа селфи стик, девојките си фарбаа прамени во розова боја, попу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg